1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Подигнато обвинение против екс-претседателот Вулф

Обвинителството во Хановер подигна обвинение поради сомневање за поткупливост против поранешниот германски претседател Кристијан Вулф. Дали тој ќе се појави на суд?

Причината на обвинението против Кристијан Вулф е неговата поврзаност со филмскиот продуцент Давид Греневолд, кого Обвинителството го обвини истовремено поради сомневање за поткуп. Греневолд во 2008 година делумно ги презел трошоците за посетата на брачниот пар Кристијан и Бетина Вулф на Октоберфест во Минхен. Се работи за 754 евра.

Во соопштението на Државното обвинителство се вели, се чини доволно веројатно, ова да го мотивирало тогашниот покраински премиер на Долна Саксонија Вулф, да лобира за пари кај концернот Сименс во полза на филмски проект на Греневолд.

Christian Wulff und David Groenewold

Кристијан Вулф и Давид Греневолд

Во вторникот Вулф и Греневолд ја одбија понудата на Обвинителството за вонсудско порамнување односно прекин на постапката со плаќање паричен надомест. Сега Покраинскиот суд во Хановер треба да донесе одлука дали ќе го прифати обвинението и дали ќе дојде до судски процес. До донесувањето на одлуката може да поминат повеќе месеци.

Се работи за преседан: никогаш порано екс-претседател не бил изведен пред суд, ова би бил прв случај германски поранешен шеф на државата да се најде на обвинителна клупа. Само еден ден откако Државното обвинителство на 16 февруари 2012 година започна формална истражна постапка против Вулф, тој даде оставка на претседателската функција.