1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Подем на германското стопанство дури в година

Германското стопанство бележи развој и покрај долготрајната должничка криза во ЕУ. Водечките германски економисти во прогнозата за оваа година велат - ќе има плус од 0,8 проценти. Во 2014 година треба да биде подобро.

Минатата есен сметаа на стапка развој од еден процент за 2013 година, но четирите водечки германски економски институти денеска ја снижија прогнозата за раст за оваа година, со напомена дека главна потпора ќе биде домашната побарувачка, додека во наредната 2014 година темпото на раст би требало нагло да забрза благодарение на закрепнувањето на извозот.

„Економските мудреци“ во пролетната прогноза истакнуваат дека ревизијата ја одразува потребата на економијата да го надокнади падот на активностите во четвртото тромесечје. Во 2014 година би требало растот да забрза на 1,9 отсто.

„Германската економија долго и‘ одолеваше на кризата во еврозоната за да забави во 2012 година. Во последното тримесечје БДП-то падна за 0,6 отсто“, велат економистите. Тие сепак очекуваат Германија да избегне рецесија и да оствари слаб раст во првиот квартал од годината.

Тоа се должи на пролетното раздвижување на светската конјунктура, но придонес има и послабото вреднување на ризикот од распад на еврозоната по интервенцијата на Европската централна банка.

Бројот невработени во Германија веројатно и натаму ќе се намалува и, според прогнозата, од 2,9 милиони во просек оваа година, ќе се симне на 2,7 милиони во просек во следната година. Инфлацијата годинава ќе бележи снижување, до 1,7 проценти, за в година повторно да стигне до 2 проценти.

Прогнозата на институтите за 2013 година се‘уште е двојно повисока од прогнозите на владата, која предвидува растот да изнесува 0,4 отсто.