1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Поделен град, обединет град

Берлин пулсира и е омилен кај туристите како никогаш досега. Главниот град на Германија има енормна привлечна сила.

default

Реставрираната Бранденбуршка порта во октомври 2002 година

По Втората светска војна, Берлин беше поделен град, пресечен на два дела со „железната завеса“. На прочуеното место „Checkpoint Charlie“, Русите и Американците ги вперија своите оружја едни во други, подготвени во секое време, поради сопствената претстава за тоа што е слободата, да предизвикаат светска војна.

Die Berliner Mauer

Checkpoint Charlie (архивска фотографија)

Со изградбата на „Берлинскиот ѕид“ во 1961 година се раздвоија идеологиите, но и семејства, соседи и пријатели. „Јас сум берлинец!“, прочуените зборови на претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди, го прикажуваат сочувството на западниот свет за трагедијата на Берлин. Но, заострените фронтови во „Студената војна“ помеѓу исток и запад, од Берлин направија град со две лица.

Западниот дел

Западниот дел беше остров кој се одржуваше во живот со помош на субвенции и вонредни премии. Тој се разви во модерна метропола со монденски области како Шарлотенбург или Вилмерсдорф, туристички атракции како една од најпознатите авении, Курфирстендам или меморијалната црква на кралот Вилхелм, но исто така и пределите за одмор околу Ванското Езеро. Во традиционалните работнички квартови како Кројцберг или Нојкелн се создаде динамична алтернативна сцена. Западен Берлин често беше центар на германската авангарда, од општествен, но исто така и од политички и уметнички аспект.

Источниот дел

Во источниот дел, како главен град на Германската Демократска Република, Берлин прерасна во репрезент на „првата социјалистичка држава на германско тло“, со широки булевари и архитектонски ремек дела како „Сталин алејата“ и телекомуникациската кула на Александерплац. Источен Берлин станал и главен град на интелектуалните и културолошки сили на ГДР, кои често сметале дека социјалистичкиот систем кој реално егзистира не ги застапува нивните идеали на човечкото општество. Тие ја создадоа основата за мирна револуција, што претставуваше крај за поделбата на Германија и Берлин.

East Side Gallery

Источен Берлин

Паѓањето на Берлинскиот ѕид

На 9 ноември 1989 год. се оствари она што сите го сметаа за невозможно, падна ѕидот. Луѓето од исток и запад си паднаа во прегратка, течеа солзи радосници.

Fall der Berliner Mauer

Берлинчани го слават падот на ѕидот во 1989 година (архивска фотографија)

Оттогаш поминаа повеќе од 15 години. Сега Берлин е главен град на обединета Германија. Долг период ритамот на градот го одредуваа пневматични дупчалки, багери и булдожери. Во најкус можен рок, работници од сите земји во светот израмнија цели делови од градот, пред се` таму каде биле најизразени трагите од поделбата на градот, на пример на Потсдамер плац. Во меѓувреме на оваа локација кон небото се извишија тенки облакодери од стакло, челик и бетон. Берлин е град на иновации, кој привлекува луѓе од целиот свет.