1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поделеност меѓу авганистанските интелектуалци

Борбата на Талибанците и со нив поврзаните господари на војната во Авганистан го отвораат прашањето за идната судбина на земјата и водат кон тоа нова плодна почва да добијат латентните ривалства меѓу интелектуалците.

Училиште во Авганистан

Училиште во Авганистан

Авганистан е земја со многу народи. Спектарот на главните племиња во земјата се протега од Узбекистанци и Туркменистанци , преку Пашту и Таџикистанци, до Хазари и Нуристанци. Околу 30 племиња со сопствени населби, култура и јазици живеат меѓу себе но и една покрај други. Авганистанците главно се едноставни луѓе цврсто поврзани со лојалноста кон нивниот клан. Дури ни авганистанските интелектуалци не се чувствуваат во целост како слободни личности. Не можат да решаваат независно од судбината на нивната племеска заедница. Таквата припадност по правило има поголема вредност од политичката или религиозното верување. Како самопрогласени претставници на гласот на народот, авганистанските интелектуалци – без оглед дали комунисти, демократи или оринетирани кон исламот – во последните три децении водеа огорчени политички битки меѓу себе што го турката Авганистан од една во друга криза. Оној што се надеваше дека со воведувањето на демократскиот мировен процес кон крајот на 2001 година, ривалството ќе заврши, бргу се разочара. Според мислењето на Зиа Рефат, доцент на универзиттеот во Кабул, причините за племенскиот менатлитет на авганистанските интелектуалци зе повеќестрани. За нега два фактора играат голема улога:

„Од политички апсект авганистанските интелектуалци страдаат од тоа што во земјата со децении постоеше политички систем во кој владееја минимум демократски принципи. Втората причина може да се бара во економската неразвиеност на земјата, што водеше кон ниско ниво на образование и мали сознанија за општеството„.

Рахимулах Самадер, претседател на независниот сојуз на новинарите на Авганистан, смета дека има и други причини што доведоа до поделбата на авганистанските интелектуалци:

„Последните децении доведоа до тоа одделни интелектуалци да се најдат на распаќе меѓу оделни политички организации. Освен тоа и странските интервенции и притиоскот што водеше кон тоа да бидат потиснати националните интереси„.

Едно од постигањата на политичката констелација во сегашен Авганистан е во тоа што сите сили во земјата – од етнократите, преку теократите до демократите се вклучени во мировниот процес.

Меѓутоа, демократски ориентираните инетелктуалци кои по воведувањето на демократскиот мировен процес со одушевување се вратија во Авганистан, се разочараа и повторно ја напуштија земјата. На други не им успеа да формираат демократски движења преку границите на племенскиот менатлитет и регион, што би било од посебно значење. А, политичката битка во меѓувреме доби нова димензија: поради поделбата и економската слабост, повторно во преден план се религизоните сили. Тие се организираат и се повеќе политички се артикулираат и ја ставаат владата под притисок. И повторно политички се инструманетализират племенските интереси за да се дојде до позиција или да се спроведе политика на сопствени интереси. Демократски определените интелектуалци материјално се слаби, немаат државан поддршка и поради тоа и натаму се поделена група која нема соодветна политичка организација. Зиа Рефат, доцент науниверзитетот во Кабул само под извесни услови гледа шанса за надминување на племенскиот менталитет:

„Ако се успее демократијата во Авганистан да се институционализира и стабилизира, тоа би овозможило во власта да учествуваат и различни народи, кои активно би придонесле за формирањето на општеството и да ги развијат етносите. Дури потоа долгорочно може да биде надминат племенскиот менталитет„.