1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Поделеност во ЕУ околу Турција

Како да се постапи во однос на Турција и нејзините преговори за членство во ЕУ? Министрите за надворешни работи на Унијата денеска разговараат околу можните мерки за Анкара која се уште не попушта во однос на кипарскиот проблем. Понудениот компромисен предлог од Турција да отвори едно пристаниште и аеродром е недоволен.

default

Изминатиот викенд финскиот претседавач со унијата, Ерки Туомиоја, проба преку телефон да ги убеди министрите за надворешни работи на ЕУ да изнајдат заеднички став за Турција. Очигледно залудно. Шефот на финската дипломатија Туомиоја пред денешната средба изјави:

“Многу ми е жал што сега не можам многу да ви кажам. Ќе имаме интересна средба и имаме интезивна комуникација со моите колеги и со Турција”.

Група на ЕУ земји околу Велика Британија и Полска сметаат дека предлогот на Европската комисија за делумно одложување на преговорите за членство со Турција оди предалеку. Друга група околу Франција и Холандија, пак, сака уште построг пристап и замрзнување на поголем дел од преговарачките поглавја. Германија, која за три недели го презема претседателството со ЕУ, стои на средина. Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер рече:

“Денеска ќе се обидеме дискусијата да ја приведеме до крај. Кога велам ќе се обидеме, слушате дека станува збор и за малку двоумење, апсолутно со право”.

Ако министрите денес не постигнат согласност, претседателите на држави и влади на смитот в четврток и петок во Брисел ќе мора да ја донесат конечната одлука - како да се реагира во однос на Турција ако таа и покрај обврската од Анкарскиот протокол не ги отвори пристаништата и аеродромите за ЕУ-членката Кипар. Министерот за надворешни реботи, Штајнмаер со оценка:

“Според мене, ова нема да може целосно да се игнорира при натамошниот преговарачки процес. Затоа мора да пронајдеме заеднички став”.

Штајнмаер демантираше дека во германската владина коалиција меѓу партиите на унијата и неговата СПД има спор околу прашањето за Турција. Евентуално спротивставување можело да има меѓу партијата на канцеларката - ЦДУ и нејзината баварска сестринска партија ЦСУ, која бара моментален прекин на преговорите со Турција. Министерот на викендот упати невообичаен апел до канцеларката Меркел и предупреди од неумесни реакции, по ова прашање.

Турската влада во меѓувреме не ја допрецизира понудата од минатиот четврток, дека е подготвена да отвори само едно пристаниште и еден аеродром за Кипар. Овој компромисен предлог беше отфрлен од финскиот претседавач со ЕУ како нецелосен. Министерот за надворешни работи на Холандија, Бернард Бот изјави дека Турција мора да се придвижи:

“Очекувам Анкара да сигнализира дека е подготвена да го исполни Анкарскиот протокол”.

Шефот на луксембуршката дипломатија, Јан Аселборн, ја предупреди Европа од отворен спор околу Турција. Да не се случи уште еден самит посветен на Турција како оној во 2004-та, кога им попуштија нервите на многумина:

“Верувам дека во денешната дебата нема да стане збор само за Турција, туку и за веродостојноста на унијата. Мора јасно да кажеме дека ЕУ не е само збир на национални интереси. Многу е важна пораката која ја испраќаме одовде.”

Турција одбива да ја признае како држава Кипар, која е членка на ЕУ од 2004 година. Северниот дел на поделениот остров е запоседнат од Турција веќе триесет години. Грчкиот или јужниот дел на островот пред зачленувањето во унијата одби обединување на земјата со северниот турски дел на островот.