1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Поделеност во Европскиот парламент за механизмот за суспензија на безвизниот режим

Европскиот парламент, најверојатно под притисок на дел од земјите-членки, денеска расправаше за механизмот за укинување на безвизниот режим. Гласањето за овој механизам е в четврток.

Европратеничката Тања Фајон, на денешната пленарна сесија во Стразбур ги повика членовите на ЕП во име на групата на европските социјалисти и демократи да гласаат против механизмот за воведување на суспензија на безвизниот режим, за земјите од кои доаѓаат голем број на азиланти, вклучувајќи ги и земјите од Балканот и Македонија.

Во изјавата за Дојче веле, словенечката европратеничка, која беше известувач за безвизниот режим, нагласи исто како и на пленарната сесија дека „усвојувањето на механизмот, во формата како што е сега предложен, би претставувало чекор назад за земјите од Западен Балкан“.

Нејзиното барање е поддржано од страна на групата на Зелените и Обединетата европска левица, но се очекува в четврток, кога е предвидено гласањето за предложениот текст, Европскиот парламент најверојатно да го усвои извештајот на шпанскиот пратеник Агусто Мера од демохристијанската група, со кој се воведува суспензивниот механизам за визната политика на ЕУ.

Притисок од земјите членки во перспектива на европските избори

Porträt - Tanja Fajon

Тања Фајон

Расправата на Европскиот парламент неочекувано се најде на дневен ред, откако најверојатно бил извршен силен притисок од неколку земји членки на ЕУ, кои се соочуваа со бран на азиланти од земјите од Западен Балкан и кои во повеќе наврати јавно имаа истакнато дека сакаат да се воведе овој механизам.

Не треба да се заборави дека денеска во Стразбур официјално е стартувана информативната кампања за претсојните европски избори во 2014 година, па очигледно е дека политичката група на Европските народни партии, поддржана од другите помали групи, сака на своите гласачи да им испрати порака дека се грижи за нивните барања околу приливот на азиланти.

Механизам за суспензија на визите и реципроцитет со земјите за кои на европските раѓани им е потребна виза се става на гласање по две години преговори помеѓу ЕП, Европската комисија (ЕК) и Советот на министрите. Според новиот хрватски комесар Невен Мимица кој зборуваше во име на ЕК во Стразбур, ЕУ нема едноставно да го укине визниот режим.

„Бројот на азилантите е се' уште голем, но тој се намалува. Работиме со Западниот Балкан и ја набљудуваме ситуацијата. Но, ако супензивниот механизам е воведен и ако сегашната ситуацијата продолжи, една или повеќе земји членки ќе ја воведат мерката. Но, треба да биде јасно дека воведувањето на мерката нема да води во укинување на слободното патување. ЕК ќе биде таа која ќе оцени дали условите за суспензивниот механизам и сериозноста на ситуацијата се почитувани”, рече Мимица.

Земјите од Западен Балкан први на мета?

Суспензивниот механизам, според приврзаниците на извештајот, не е изработен за Западниот Балкан, туку за сите кои имаат слободен режим со Шенген. Сепак, во дискусиите дојде до израз дека токму ситацијата со азилантите кои доаѓаат од Западниот Балкан бара посебно внимание, бидејќи има влијание врз проширувањето и политиката на азил.

Со укинувањето на визите во 2009 и 2010 година некои европски земји-членки беа преплавени од баратели на азил, кои доаѓаат главно од Србија и Македонија. Ако се усвои документот, по поплаките и по барање на неколку земји-членки, ЕК ќе може да ја спроведе клаузулата за суспензија на безвизниот режим. Со суспензивниот механизам во период од 6 месеци повторно се воведува визниот режим, а тој може да биде продолжен на една година.

Europäisches Parlament in Straßburg pixel

Европскиот парламент гласа в четврток

Фајон посебно инситира на фактот што клучното прашање кое е во надлежност на парламентот е изменето во последен момент. Дел од Европскиот парламент стравува од одсуство на механизам за соодлучување при донесување на одлуката за враќање на визите.

Австрискиот европратеник Франц Оберчајер ја праша Фајон „дали е свесна дека во неговата земја секојдневно доаѓаат стотина луѓе од Западен Балкан , кои потоа исчезнуваат, а автобусите се враќаат празни“.

На тоа Фајон одговори дека според најновите статистики на Фронтекс, бројот на азилантите во Австрија е многу мал, а бројот на тие што бараат азил значително се намалил.

Критики за мерките за спречување на бранот на азиланти

Другите мерки кои, по предупредувањето од земјите членки на ЕУ, ги презедоа ЕК и земјите од регионот за да го запрат бранот на баратели на азил, беа изложени на критики од дел од учесниците во дебатата.

Европратеичката Корнелија Ернест, од групата на Обединетета левица, побара безвисниот режим да престане да биде „средство за условување на земјите од Западаен Балкан“. Таа посебно инсистираше на кршењето на човековите права при оценувањето на лицата кои сакаат да излезат од земјата според нивниот изглед. Таа го посочи примерот на Македонија, каде има одземања на пасошите и оценување според изгледот на дел од лицата кои сакаат да патуваат кон ЕУ. Овие мерки беа спроведени под барање на ЕУ. Тоа според неа е кршење на човековите права.

Татјана Ж’данока, од групата на Зелените, од своја страна нагласи дека нејзината група не се согласува со тоа дека бројот на барањата за азил треба да биде критериум за суспензија на безвизниот режим. Според неа, „не треба да се казнат тие што се на позитивната листа, бидејќи некој не го почитува индивидуалното право на барање азил“. На крајот таа додаде дека „ако има соодлучување при гласањето на суспензијата, ЕП треба да го блокира временото укинување“.

За да ги смири противниците на својот извештај, известувачот Агусто Мера порача дека „земјите од Западен Балкан не треба да стравуваат од ништо“.