1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поделени ставови околу резултатот од климатскиот самит во Доха

На конференцијата во Доха се водеа преговори и дебати за нов климатски договор, но обидот овојпат пропадна. За да се постигне барем некаков компромис, самитот беше продолжен. Резултатот сега наидува на поделени реакции.

Еколошките здруженија реагираа со разочарување на одлуките од климатската конференција на ОН во Доха. „Гринпис“ оцени дека патот до глобален климатски договор, заедно со САД и Кина, станал уште потежок. Германскиот огранок на организацијата за заштита на дивите животни „WWF“ оцени дека резултатот од двонеделните преговори е слаб. Иако има пакет за процесот за заштита на климата, тој е речиси празен. Особено впечатлива била „слабата слика“ на Европската унија. Исто така и од агол на Зелентие ЕУ во Доха настапила „разочарувачки и бламирачки“.

Klimakonferenz Doha

Климатска конференција во Доха

Наспроти ова комесарката за клима на ЕУ Кони Хедегард пакетот од Доха го оцени како „скромен, но есенцијален чекор напред“. Мора меѓутоа да се стори уште многу. Германскиот министер за животна средина Петер Алтмајер дури беше и задоволен: „Резултатот може да се посматра како важен патоказ во правец на ефикасна заштита на климата“, изјави Алтмајер.

Во меѓувреме Русија изрази негодување поради одлуката на Катар при продолжувањето на обврските од Кјото-протоколот на завршувањето на конференцијата. Претходно, покрај руската влада и владите на Полска и Украина го блокираа продолжувањето на договорот за намалување на емисиите на издувни гасови. Покрај Русија и други важни држави како Канада и Јапонија не презедоа обврзувачки обврски во рамките на Кјото по 2013 година.

Новиот Кјото- период е до 2020 година. Во 2014 година треба да бидат преработени целите за издувните гасови и доколку е можно да бидат подобрени.

Кјото протоколот е единствен обврзувачки меѓународен договор во борбата против емисијата на издувните гасови.