1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Поделби во пресрет на вториот круг избори на Косово

Граѓаните на Косово денеска (1.12) повторно излегуваат на гласање. Во 25 општини се одржува вториот круг на локалните избори на кои ќе се гласа за претседатели на општините. Една од нив е Штрпце.

Билборди високи и по десет метри - како во светските метрополи. На улиците пропаганден материјал и гласно негодување на граѓаните - од една страна поради притисокот од Белград, а од друга страна пореди апсењето на тројца граѓани поради „закани за време на првиот круг избори на 3. ноември“. Тука се и големиот број на полицајци кои ги легитимираат новинарите доколку сликаат или снимаат во центарот... Така изгледа Штрпце, косовска општина со мнозинско српско население во пресрет на вториот круг на локалните избори.

Младите поголеми оптимисти од постарите

Очекувањата на граѓаните се различни. Некои млади како Мартина Маринковиќ се оптимисти: „Од овие избори очекувам подобар живот. Имавме многу работни места и досега, но се надевам дека ќе има уште повеќе. Штрпце од 2009. е доста изградено, а се надевам, и сигурна сум во тоа дека ќе биде уште подобро, дека ќе имаме многу работа, пред сѐ околу ски центарот, дека ќе имаме повеќе места во општината, па и во болницата која е скоро изградена“.

Kosovo Kommunalwahl 2013

Во 25 општини во Косово ќе се одржи втор круг гласање

За разлика од неа Звонко Михајловиќ смета дека Србите во Штрпце и на цело Косово со овие избори не добиваat ништо. Напротив, вели дека ќе бидат губитници. „Никој кој размислува со своја глава, кој ѝ мисли добро на Република Србија, кој ја смета Република Србија за своја држава (...) не треба да учествува на овие избори.“

Момчило Илиќ пак очекува неизвесност и по изборите, бидејќи според неговите зборови, проблемите нема да се решаваат онака како што очекуваат луѓето.

Во вториот круг на изборите се пласираа Братислав Николиќ од Самостoјната либерална партија и Иван Реџиќ од граѓанската иницијатива „Српска“. И двата политички блока очекуваат победа, но и фер и коректни избори.

Политичка поделеност во општеството

И граѓаните и политичките претставнiци во Штрпце се свесни за огромната политичка поделеност на населението на таа општина на југоистокот на Косово.

Далибор Јелиќ, генерален секретар на Самостoјната либерална партија и Министер за враќање и заедници во Владата на Косово за тоа ги обвинува противниците од граѓанската иницијатива. „Ние во Штрпце имаме ситуација да не разговараат кум со кумот, или брат со брат, соседот не оди на слава кај соседот; токму затоа што нашите политички противници користеа такви валкани методи заради остварување на целта - доаѓање на власт“, вели Јелиќ. Тој очекува дека со „победа и доаѓањето на власт ќе престанат недоразбирањата.“

Општина Штрпце со околу 12.000 жители има 15 пратеници во локалниот парламент. Конечните резултати сѐ уште не се соопштени, а во првиот круг кандидатот на Самостојната либерална партија Братислав Николиќ освои од „150 до 300 гласови повеќе“ во однос на својот противкандидат Иван Реџиќ.