1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поделбите меѓу бунтовниците предизвикуваат грижи за Либија по Гадафи

Како што либискиот конфликт влегува во завршница, така времето кога бунтовниците во земјата ќе ја зголемат својата моќ е на дофат. Но, дали се подготвени да ја раководат Либија?

default

Бунтовниците се единствени во соборувањето на Гадафи, но не и во тоа кој ќе ја води новата власт

Борбата за мир, безбедност и стабилност веројатно ќе заврши кога ќе падне режимот на Гадафи. Но, за бунтовниците од Националниот преоден совет може освојувањето на мирот да биде исто толку тешко, како и победата во војната.

Недовербата која долго време се провлекува и поделеноста за потенцијалната распределба на моќта се закануваат да го распарчат бунтовничкото движење. Дури има и стравувања дека пукањата на прославата многу скоро може од бес да се пренасочат кон ривалите за контролирање на Либија во периодот по Гадафи.

Националниот преоден совет, кој е признаен од 32 земји како единствен претставник на Либија, во моментов има недостатоци во кабинетот. Последниот беше распуштен од Мустафа Абдул Џалил, судија кој поднесе поставка како министер за правда, кога почна востанието и сега е претседател на Советот, откако во јули пропадна истрагата за убиството на армискиот командант Абдул Фатах Јунис. 

Продлабочени постоечките поделби

Мистериозната смрт на Абдул Фатах Јунис, армиски командант на бунтовниците, кој порано беше десна рака на Гадафи и е еден од највисоко позиционираните дезертери во војната, отвори длабоки процепи во, и онака разделеното, бунтовничко движење. Обвинувањата за неговата смрт се префрлаа од ривалските фракции на Џалил и тоа го отвори прашањето за улогата на владата во убиството.

Flash Galerie Chef des Libyschen Übergangsrates Mustafa Abdul Dschalil

Шефот на Националниот преоден совет, Мустафа Абдул Џалил, нема голема поддршка

„Поделбите постојат меѓу бунтовниците кои пребегале од режимот на Гадафи и оние кои никогаш не биле интегрирани во него“, вели за Дојче веле д-р Кристијан Улрихсен, експерт за Северна Африка и Блискиот Исток во Лондонската школа за економија. „Убиството на Јунис во јули ги покажа пукнатините и основната недоверба меѓу овие две групи“, додава Улрихсен.

Убиството на Јунис ја влоши конфузијата околу тоа - кој од кого прима наредби, хаотичната природа на операциите и неефикасните командни структури, што ги ограничи многу офанзивните напади на бунтовниците. Тоа исто така ги зголеми расправиите меѓу ривалските групи, а многу од нив ги отфрлија тврдењата на Националниот преоден совет дека тој е владата на Либијците.

Регионални расправии за моќта

Во Мисрата, трет по големина либиски град, бунтовниците се критички настроени кон Џалил и неговите оддели во Советот, за кои тврдат дека се дезорганизирани и најмногу - дека се неефикасни во битките. Тие им кажаа на новинарите дека повеќе не примаат наредби од Советот.

Бунтовниците од Мисрата и планината Нафуса во голем дел се одговорни за пробивањето во Триполи преку стратешки важните градови Завија, Гарјан и Злитан, а тоа го направија без помош од источните сили.

Затоа, Џалил може да се соочи со зголемен притисок од лидерите на бунтовниците во Мисрата и Нафуса, кои можат да побараат моќни позиции во идната влада, како награда за нивните херојски дела во падот на главниот град.

Flash-Galerie Libyen Gaddafi Rebellen nehmen Hauptstadt Tripoli ein

Се стравува дека новата влада ќе ги подели парите од нафтата на блиски луѓе

Во исто време, Советот треба да направи и полиција, која ќе ги ослободи граѓаните од бруталниот притисок, од кој страдале 42 години.

„Има голема опасност новата влада да ги искористи приходите од нафтата за старите пријатели, наместо за целата популација. Исто така, има големи искушенија да се постават јавни судски процеси, наместо постепено да се гради независното судство“, изјави за Дојче веле Торстен Бенер, експерт во Институтот за глобални јавни политики од Берлин.

Во меѓувреме, Советот направи патоказ за 20 месечен премин кон демократија. Така, власта треба за 30 дена од Бенгази да се пресели во Триполи, а во Советот да има претставници од целата земја, како и за осум месеци да се одржат избори за 200 пратенички места во Привремениот национален конгрес. И покрај плановите, стравот и во Либија и низ светот е дека Советот е премногу поделен и расцепкан на фракции.

Затоа се разгледува сценарио за учество на НАТО во отстранувањето на диктаторот од власт. Но, тоа носи грижи дека НАТО може да се заглави во уште една долготрајна и збркана воена обврска, како онаа во Авганистан.

„НАТО има многу ограничен мандат во Либија од ОН, што постојано го пречекорува и сега треба да направи чекор назад во својата вклученост во Либија, како и да им остави на ОН и регионалните организации, како Африканската унија и Европската унија, да го преземат водството на меѓународен план“, вели Торстен Бенер.

Автор: Ник Амис / Александар Методијев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска