1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Подебели и пониски

Германците во изминативе години се’ помалку растат, а се се’ подебели - тоа го покажува една најнова студија. Какви се „мерките на Германија“?

default

Беа земени мерки на 13000 лица

Германците во изминатава деценија во просек станале поголеми и посилни од нивните родители и баби и дедовци. Тоа е резултат на благосостојбата, вели Штефан Мехелс од Институтот за истражување „Хохенштајн“.

"Живееме во време на благостостојба и децении без војни. Се потврди дека тоа се отсликува и врз населението."

Мехелс и неговите колеги во изминатава година, за проектот “Мерките на Германија“ со специјални скенери „измерија“ околу 13 000 мажи, жени и деца. Резултатот покажува дека просечната германска жена сега е висока 1,66 метри што е за 1 сантиметар повеќе од пред 15 години. Додуша, сегашните жени се позаоблени во половината и тоа за четири сантиметри повеќе од минатото.

Übergewicht und Magersucht

Се’ повеќе се бараат поголеми броеви на облека

Кај мажите промените се уште повидливи, што е разбирливо, бидејќи последен пат вакви мерења кај нив се извршени пред 30 години. Оттогаш германските мажи се повисоки и тоа за три сантиметри, и сегашната просечна висина е 1,79 метри. Но, не се очекува во следните години мажите да продолжат толку многу да растат.

"Утврдивме дека кај младите генерации зголемувањето на висината полека стагнира. Нема да растеме толку брзо, како што тоа се случи во последниве децении."

Се бараат поголеми конфекциски броеви

Новите мерки се многу важни за текстилната, односно модната индустрија. Во изминативе години се развија два тренда: постоечките големини на облеката веќе не им одговараат толку добро на потрошувачите и се’ повеќе се барани поголеми конфекциски броеви.

Кај дамите, најбарани се броевите 40/42, а просечниот маж купува број 52. Секако, од ова истражување нема да профитира само модната индустрија. Овие податоци и‘ се потребни и на автоиндустријата при изработка на внатрешноста на автомобилите и запазување на комфорноста.

Значи оној којшто се’ уште не го симнал вишокот килограми насобрани преку зимата или доколку го стегаат пантолоните, утеха ќе најде во новата студија - имено, вишокот килограми ќе влезат како официјална мерка во новиот систем на одредување на конфекциските броеви.

Автор: Михаел Обермајер / Невена Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска