1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Поддршка од Турција

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски, ја заврши официјалната посета на Турција со престој во Истамбул .

default

Тој денеска се сретна со претставници на македонските иселеници кои му порачаа на претседателот дека сакаат подобра економска соработка со земјата од која потекнуваат. По средбата Црвенковски уште еднаш го потенцираше и задоволството од најавената подршка на Турција за македонските апсирации за членство во НАТО, која како што најавиле неговите соговорници во Анкара , премиерот Ердоган и шефот на дипломатијата Ѓул ќе може да се почуствува и на самитот на Алијансата во Рига.