1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Поддршка од Турција за НАТО

Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоан, му вети на македонскиот премиер, Никола Груевски, поддршка за напорите на Македонија на наредниот самит на НАТО да добие покана за членство во алијансата.

default

Ердоан и Груевски во Анкара

Македонскиот премиер и владин тим денеска пред претставници на 70 турски компании ги презентираат и условите за инвестирање во Македонија. Пред да допатува во Анкара, македонската делегација вчера во Истанбул, пред околу 200 турски стопанственици ја презенитраше македонската економска политика, деловната клима и предностите за инвестирање.