1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поддршка на демократизацијата

Среде борбата за власт меѓу војската, Уставниот суд и шефот на државата, германскиот министер за надворешни работи Вестервеле е во посета на Египет.

Германија вети поддршка на Египет на патот кон демократизација. Египет е „клучна земја за успех на Арапската пролет“, изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле синоќа (09.07) на почетокот на својата посета на Каиро, каде разговараше со својот ресорен колега Мохамед Амр (на фотографијата). Вестервеле денеска ќе се сретне и со новиот египетски претседател Мохамед Мурси. Во Египет моментно се води борба за власт меѓу Мурси од една страна и Уставниот суд и Воениот совет од друга страна. Исламистот Мурси вчера ги предизвика Уставниот суд и војската, наредувајќи повторно собирање на парламентот, кого Судот претходно го прогласи за илегален, а војската го распушти и самата ја презеде законодавната власт. Распуштањето на парламентот предизвика големо незадоволство кај Муслиманските браќа, партијата на која припаѓа Мурси и која има мнозинство во парламентот. Уставниот суд се спротивстави на повторното свикување на парламентот, сметајќи ги своите донесени одлуки за конечни.