1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Поддршка и од германското МНР за евроатлантските интеграции!

Донесените реформи сега треба и да се спроведат, се вели во соопштение за ДВ на германското Министерство за надворешни работи околу напредокот на Македонија кон ЕУ.

По извештајот за напредокот на Македонија, претпладнево се огласи и германското сојузно Министерство за надворешни работи:

„Пристапниот дијалог на високо ниво донесе напредок во повеќе области. Ваквиот пат сега треба продолжи и во спроведување на донесените реформи. Во овој контекст, значајно е и одржливото решение за внатрешнополитичката криза. Контактите со македонските соседи беа интензивирани за да се овозможи решение на отворените билатерални прашања. Ги охрабруваме нашите македонски партнери да продолжат по овој пат. Германија јасно ги поддржува натамошните евроатлантски интеграции на Поранешната Југословенска Република Македонија“, се вели во изјавата на германското МНР за ДВ.