1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Поддршка или предупредување за Македонија?

Проблемот со името е неизбежна тема, но политичката криза е вистинскиот повод за посетата на Томас Кантримен на Македонија, сметаат експертите. Што уште прочитаа аналитичарите во пораките од САД кон Македонија.

default

Кантримен и Груевски на средбата во четвртокот

Дали свртувањето на Америка кон Македонија во време кога надворешната политика на светската супер сила е преокупирана со настаните во арапските земји може да се смета како поддршка или, пак, како предупредување за состојбите во земјата? Американскиот дипломат рече дека не носи предупредување за премиерот, но призна дека неговата земја е загрижена за владеењето на правото и за слободоата на медиумите во Македонија. Познавачите на надворешната политика различно ја толкуваат посетата на Кантримен на Скопје и претстојната на премиерот Груевски на Вашингтон. Според едни, во фокусот на америкаснкиот интерес за Македонија е проблемот со името, според други главна тема е политичката криза. Универзитетскиот професор Стево Пендаровски вели:

„Груевски не е повикан во Вашингтон да го фалат, ниту да му дадат поддршка за тоа што досега го прави. Се сомневам дека ќе го преиспитуваат, она што тие ќе сакаат да го чујат е дека земјата ќе го смени правецот во кој досега се движи - секаде, само не кон западната алијанса“.

Загриженост за слабеењето на македонската позиција

Flaggen der EU und Mazedonien in Skopje

Македонија се оддалечува од европскиот пат, предупредуваат експертите

Сосема спротивен е впечатокот на поранешниот амбасадор во Русија, Ристо Никовски: „Посетата на Кантримен на Скопје и посетата на Груевски во Вашингтон не се воопшто случајни. Тие се директно поврзани со прашањето за името“, смета Никовски.

Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малевски вели дека САД, како стратешки и докажан созјузник и партнер на Македонија, секогаш со внимание ги следат настаните во Македонија. „Загрижени се поради тоа што значително слабее позицијата на нашата земја на меѓународен, но и на домашен план“, нагласува Малевски.

Американскиот дипломат по разговорите со премиерот Никола Груевски имаше средби со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Во Скопје пристигна од Тирана, во рамките на неговата мини-балканска турнеја, а ќе продолжи во Приштина. Американско-македонската дипломатија продолжува идната недела во Вашингтон. Груевски патува на средба со потпретседателот на САД, Џо Бајден и со шефицата на Стејт департментот, Хилари Клинтон.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM