1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Поддршка за членство во ЕУ цел на сите земји од Југоисточна Европа

Уште една средба за уште една потврда на старите позиции. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски и грчкиот премиер Костас Караманлис на маргините на Самитот во Солун разговраа за спорот колку името. Во Солун шефовите на држави и влади од земјите од регионот ја потврдија декларацијата: Заедно во Европа.

Грчкиот премиер Костас Караманлис, домаќин на лидерите од регионот

Грчкиот премиер Костас Караманлис, домаќин на лидерите од регионот

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски призна. Многу тешко може да се дојде до заеднички став со Грција за името, затоа што и двете земји остануваат на своите позиции. По синоќешната средба со грчкиот премиер, македонскиот претседател сега конкретен: грчкиот премиер Костас Караманлис му рекол дека Грција го направила максимумот, покажале максимална флексибилност, а решавањето на спорот може да го отежне успешното интегрирање на Република Македонија во евро – атланските интеграции. Запрашан дали е ова уцена од страна Грција, претседателот Црвенковски подвлече: Не уценуваат веќе 15 години

„Имавме и ембарга и санкции, обиди за притисоци на еден или друг начин, за промена на нашето име. Знаете дека и меѓу другото се користеше и ситуацијата пред доделувањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ, исто така или да се забрза или наметне некое решение.“

На претседателот му се јасни приотисоците од Грција, Македонија да го смени ставот околу името, но според него тоа нема да се случи оти земјата останува на зачувување на своите национални интереси. Сака да се реши спорот, а чекор напред е направен со прдлогот на Метју Нимиц за модифицирана двојна формула. Тој најави дека разговорите ќе продолжат во ОН, по изборите во Македонија.

На завршната прес конференција на самитот на лидери на земјите од Југоисточна Европа, премиерот Караманлис не ја спомена Македонија, а воопшто не зборуваше за спорот со името. Остануваат информациите од неговиот кабнет, дека јасно му кажал на македонскиот претседател Црвенковски дека Грција не го менува ставот, што пак синоќа не сакаше да го признае кабинетот на Црвенковски, кој денеска сепак ова го призна.

Самитот заврши со декларација на шефовите за продолжување на соработката во регионот и патот кон евро – интеграциите со заклучок дека прашањето за статусот на Косово треба да се реши така што да биде прифатливо за двете страни но да гарантира и безбедност и неповредливост на границите. Претседавањето со процесот за соработка во Југоисточна Европа го презема Хрватска.