1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поддршка за противниците на Асад

Во Маракеш се одржува средба на т.н. група „Пријатели на Сирија“, на која повеќе од сто држави ја признаа сириската „Национална коалиција“ за легитимен претставник на државата.

Повеќе од сто држави денеска на средбата на групата „Пријатели на сирискиот народ“ во Маракеш ја признаа сириската опозициска коалиција за единствен претставник на граѓаните на земјата, изјави францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиос.

Оваа одлука го отвара патот за поголема помош на силите, кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Сириската опозиција претходно, неколку часови откако САД соопштија дека ја сметаат за законски претставник на сирискиот народ, повика за реална поддршка, а не само признавање.

Портпаролот на опозицијата Валид ал Буни на четвртата средба на групата „Пријатели на сирискиот народ“, која почна денеска во мароканскиот град Маракеш ги повика 130-те делегати да обезбедат конкретна помош за приближно две годишната борба, што ја води опозцијата против режимот на претседателот Башар ал Асад.

„Признавањето е позитивна работа, но ние имаме потреба од реална поддршка“, рече Ал Буни од Сириската национална коалиција на отварањето на конференцијата. Коалицијата, создадена во ноември во главниот град на Катар, настојува за зголемена меѓународна помош, вклучувајќи и воен материјал.

„Не ни е потребен само леб за народот. Потребна ни е поддршка за нашата армија, за да ги забрзаме работите и да се спротивставиме на режимот“, изјави претставникот на опозицијата Салим Абдул Азиз ал Меслат.

Џон Вилкс, британскиот специјален претставник при сириската опозиција изјави дека денешниот состанок не е ниту донаторска конференција, ниту конференција за воена помош, туку повеќе е обид за создавање на опозициски институции, кои ќе можат ефективно да ја искористат идната помош и да ги администрираат териториите, контролирани од нив.

Говорејќи за тешката хуманитарна ситуација во која се наоѓа сирискиот народ заменик-претседателот на коалицијата Сухејр Атаси изјави дека таа веќе ги создала неопходните структури за добивање помош на терен, како што претходно бараше меѓународната заедница.

Вилкс наглади сека Велика Британија предвидела 80 милиони долари хуманитарна помиш и 11,2 милиони долари друга помош, во рамките на која ќе и биде доделени опрема за комуникација, канцелариски и наставни материјали, но засега не е планирана воена помош.