1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Поддршка за предлогот на Нимиц

Македонскиот државно - политички врв го прифаќа последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решение на спрот со Грција. Подршка дадоа и шефотите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

default

Медијаторот Метју Нимиц

Македонија го поддржува планот на медијаторот Метју Нимиц, вклучувајќи го и новото име Република Македонија (Скопје). Оваа референца ќе важи во односите со Грција и меѓународната комунијкација. Државно - владиниот врв кој заседаваше до полноќ, денеска ја доби поддршката и од четирите големи парламентарни партии и нивните шефови, Никола Груевски, Редмила Шеќеринска, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Шефот на дипломатијата Антонио Милошоски по средбата на којашто присуствуваа и претседателот Бранко Црвенковски и амбасадорот Никола Димитров изјави: „По предлогот на г - дин Нимиц, ставен на маса во Њујорк, имаме два заеднички заклучока. Прво заклучок е, овој предлог го сметаме после 15 години разговори околу овој билатерален спор, за конечен предлог во овој процес. Вториот заклучок е дека процесот на градење став во однос на овој конечен предлог, продолжува овие денови, и најверојатно според уставот и законите ќе резултира со собраниска расправа во понеделник.“

Милошоски демантира дека Нимиц повторно би можел да слета во Скопје, а како што е познато, шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани ја откажа средбата со македонскиот министер во Словенија. Милошоски за тоа коментира „Ние сме расположени за средба. Секој што смета дека треба да продолжиме со дијалогот, очекуваме да биде подготвен за средба исто така.“

За предлогот на Нимиц, во Скопје продолжува да се бара консензус и од помалите парламентарни групи кои имаат околу 30 пратеници.

DW.COM