1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Поддршка за Македонија

*

На крајот на престојот во Берлин,македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски денеска имаше средба со членовите на Комисијата за економска соработка и развој на Бундестагот.И од нив е потврдена поддршката за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Таа му беше пренесена и на македонскиот претседател Бранко Црвенковски во вчерашните разговори со неговиот германски колега Хорст Келер и претседателот на германскиот Бундестаг Норберт Ламерт.

Шансите Македонија да добие покана за членство во НАТО во Букурешт во 2008 година се добри,смета пак Валтер Колбо,заменик претседател на пратеничката група на Социјалдемократите во Бундестагот во интервју за Дојче Веле.