Поддршка за Абас | Свет | DW | 26.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поддршка за Абас

Во египетското одморалиште Шарм ел Шеик вчера се сретнаа израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас

default

И египетскиот претседател Хосни Мубарак и јорданскиот крал Абдула втори,кои присуствуваа на средбата, сега му даваат поддршка на палестинскиот претседател.

Од израелските затвори треба да бидат ослободени 250 Палестинци,овој предлог израелскиот премиер Олмерт ќе му го поднесе на својот кабинет идната недела,најави вчера во Шарм ел Шеик.Ќе се работи само за членови на Фатах,кои немаат крв на рацете,освен тоа,мора да потпишат изјави дека се откажуваат од насилство.

Гестот на добра волја,како што го нарече Олмерт,стигна ненадејно,пред самитот за него немаше ни збор.Набљудувачите во тоа гледаат намера Абас да не се врати дома со празни раце.На самитот целта беше јакнење на позицијата на палестинскиот претседател,а за тоа,се потребни повеќе од само симболични гестови,знае и самиот Абас:

„Јас ја потенцирам нужноста од завршување на сите израелкси доселенички активности во окупираните области.Мора да запре изградбата на ѕидот кон Западниот брег,да бидаѕ ослободени палестинските затвореници,да завршат блокадите и да бидат деблокорани нашите пари.Време е за заживување на мировниот процес.“

Кон гестовите се вбројува и делумното ослободување на палестинските пари од данокот,се работи за околу половина милион долари,кои Израел ги чува годинаи пол.Ова беше решено уште во неделата.

Овој самит сепак може да се означи како самит на изразување намери и добри желби.Учесниците беа единствени само во односот кон Хамас.Исламистичката организација две недели целосно го контролира појасот на Газа.Абас ваквото преземање на власта го нарече крвав пуч.Египетскиот претседател Хосни Мубарак верува во единственоста на Палестинците:

„Потенцирав колку е важно да бидат завршени внатрешните разијдувања меѓу Палестинците и постигнување единство преку дијалог.“

Абас објасни дека појасот на Газа заедно со Западниот брег и Источен Ерусалим претставува целина.Во директните преговори со Израел,неговата влада во иднина ќе бара решенија во кои ќе бидат содржани и спорните прашања.Тој има намера со израелскиот премиер да се среќава секои 14 дена.

Во арапскиот свет слабиот резултат од самитот е примен со разочарување.Особено се критикува дека ќе бидат ослободени само 250 Палестинци,во израелските затвори се наоѓаат повеќе илјади.