1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Поддршката од трибините само мит?!

Во фудбалот константно опаѓа бројот на победи на екипите на домашен терен, тврди еден германски научник. Тој докажува дека публиката не е „ветер в грб“ или „дванаесетти играч“ - клише кое често го користат коментаторите.

Познавачите на фудбалот знаат кои се најдобрите прогнозери на натпреварите. Во прашање се големите синџири обложувалници во кои стотици фудбалски и математички стручњаци ги пресметуваат шансите за победа на некој тим. Тие изгледи потоа се претвораат во квоти кои се разбира се пресметани така, обложувалницата секогаш да добива.

Токму обложувалниците поголеми шанси им даваат на домашните екипи. Но, како што тврди Бернд Штраус од универзитетот во Минстер, тоа не е поради поддршката од публиката туку поради самиот терен на кој домашната екипа е навикната. Аргументите на овој спортски научник се едноставни - во Бундеслигата константно расте бројот на навивачи (во просек околу 43.000 по натпревар), а истовремено опаѓа бројот на победи на домашните екипи. „Поголем број гледачи не значи автоматски и растење на предноста на домашната екипа“, порачува Штраус.

Fußball Bundesliga 27. Spieltag FC Bayern München vs. Hannover 96

Пред полн стадион или празни трибини - резултатот ист

Тој го истражуваше и учинокот на навивачките песни на резултатите на некоја екипа и дојде до заклучок дека бодрењето од трибините во тој облик секако ги мотивира фудбалерите и расте нивната самодоверба и храброст. Но и дека емоциите на навивачите изрaзени во вокален облик можат да резултираат и со зголемен број на грешки на поединечни играчи на теренот. И тие едноставно речено се само луѓе, кои под притисок реагираат човечки.

Навивачите влијаат само на судиите?

Штраус вели дека еден негов холандси колега ги анализирал натпреварите од италијанската лига, и тоа оние кои поради инциденти на навивачите се одиграле пред празни трибини. Во тие натпревари, статистички гледано, е забележан ист број победи на домашните односно гостинските екипи како и на натпреварите кои се одиграле на распродадени стадиони. Гласната подршка не влијае секогаш на предноста на домашниот терен. Исто така недостиг на поддршка од трибините не мора секогаш да биде недостаток.

Германскиот научник тврди дека најдобрите професионални играчи речиси целосно можат да го игнорираат влијанието на навивачките песни и навивањето - без оглед дали се навива за или против нив. Клубовите на своите професионалци им нудат специјални обуки и тренинзи, на кои се учи игнорирање на надворешните влијанија.

На крајот германскиот стручњак признава дека предноста на домашниот терен сепак не е само мит: „Постојат студии кои докажаа дека гласната публика влијае на судиите при донесување на одлуките на теренот“.