1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Поддршката на САД не е доволна за влез во НАТО

Од што зависат зачленувањто на Македонија во Алијансата? САД испраќаат свои претставници во Скопје, со пораки што треба да се стори.

default

НАТО

Македонија ја има американската поддршка за влез во НАТО, но тоа не е доволна гаранција за членство. Воедно шансите ќе зависат од внатрешните реформи во земјата како и од развојот на безбедносната ситуација во светло на решавање на косовското прашање. Официјален Вашингтон во наредниот месец во Скопје испраќа двајца врвни дипломати. Од денеска во главниот град на Република Македонија е заменик државниот секретар Розмари ди Карло, а по неа доаѓа и американската амбасадорка во НАТО Викторија Њуланд.