1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Поддршката на Вашингтон за Македонија продолжува натаму

Политичката поддршка на САД за Македонија ќе продолжи и во иднина, независно исходот на американските претседателски избори, порачаа заменикот помошник на претседателот, Џудит Енсли и американскиот заменик помошник државен секретар за Европа, Стјуарт Џонсон. Тие во Вашингтн имаа средба со вицепремиерот на Македонија, Зоран Ставревски и министерот за финанси, Трајко Славевски. Американските дипломати изразиле поддршка за целите на Македонија - добивање покана за членсво во НАТО и зачувување на стабилноста во балканскиот регион. Вашингтон и натаму ќе го поддржува и продолжувањето на процесот на преговорите меѓу Македонија и Грција во спорот со името. Американските дипломати истакнале дека признавањето на Косово не треба да ги влоши добрите македонско - српски односи.