1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Подготовки за шестпартитните преговори со Северна Кореја

Денеска продолжуваат интензивните дипломатски активности околу можното продолжување на шестпартитните преговори со Северна Кореја.

default

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил

Јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг Бак денеска во Сеул се сретна со кинескиот заменик премиер Ли Кечијанг на разговори околу можното продолжување на преговорите со Северна Кореја. Средбата доаѓа само еден ден по преговорите на САД со претставници на власта од Северна Кореја во Женева, кои беа оценети како многу позитивни.

Ли Кечијанг, кој се смета за веројатен иден премиер на Кина, во понеделникот беше во Пјонгјанг, каде разговарал со северно-корејскиот лидер Ким Јонг Ил. Детали од средбата не се познати, освен дека Ким побарал враќање на преговарачка маса што е можно побрзо и тоа без претходни услови. Домаќин на преговорите ќе биде Кина, како близок сојузник на Северна Кореја, а на него ќе учествуваат уште двете Кореи, САД, Русија и Јапонија.

Денеска во посета на Јапонија се наоѓа и американскиот министер за одбрана Леон Панета.

Автор: ГЧ/ дв/ афпе

Редактор: А. Трајковска