1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Подготовки за пречекот на Нова година во светот

Ова ќе биде вистинско зимско деноноќие. Снегот ќе биде придружник на пречекот на Новата година во делови од Германија. Огнометот ќе се пали на минус неколку степени целзиусови. Вака накусо гласи прогнозата за 31 декември, или како што во Германија е наречен Силвестер, име на папа кој починал токму на овој ден во 335 година во Рим. Тоа се разбира дека нема да ги поколеба испраќачите на старата и пречекувачите на новата, да излезат и вечерва на плоштадите и мостовите и со громогласно пукање ракети да си посакаат се' најдобро во наредните 12 месеци. Веројатно најполно ќе биде пред Бранденбуршката порта во Берлин, каде се очекуваат околу 800 илјади луѓе. Најголемата "Open Air" прослава се одржува под мотото "Добредојде 2004-та". Голем број сцени со шоу програми, една диско кула и седум шатори за забави, како и тркало големо 40 метри - е сценографијата на пречекот на Новата година во Берлин.

Луѓето, преку видео-бим ќе следат и како е во тие моменти во Њујорк, Каракас, Рим, Сиднеј, Лондон и Барселона. Њујорчани и покрај портокаловиот степен на подготвеност, нема да се откажат од својата новогодишна забава. Под зајакнати мерки за безбедност речиси половина милион луѓе по 99 пат ќе се соберат на Тајмс Сквер. Речиси 3000 полицајци ќе се грижат за безбедноста и на централните плоштади во Лондон.

Мирно, но сигурно не нетемпераментно, слават Бразилијанците - во Рио де Жанеиро рекордно количество од 156 тони ракети и друг материјал за огномет треба да го осветлат небото над Копакабана цели 12 минути и новогодишната ноќ да ја претворат во ден.

На Турците,пак, поради самоубиствените атентати во ноември, како да им минала желбата за славје. Поради страв од тероризам, градот Истанбул го откажа новогодишниот пречек со концерти и огномет. Грците,пак, имаат посебна причина за прослава - први јануари за нив значи и почеток на олимписката 2004-та година.

Силвестер на плажа, на Берлинските улици или во градот на оломпијадата, Атина? Кој е во потрага по најдобра забава, и годинава имаше мака поради големата понуда. Социлозите велат дека прашањето - каде ќе одиш за Нова година, се поставува веќе во септември.

Еден од екстравагантните одговори, годинава може да гласи: "Ќе танцувам на звуците од Виенскиот валцер по улиците на полноќ со милиони Австријци". Или,пак, на пример - ќе се бањам точно на полноќ во ледената вода на Северно море. Може да се прави се'. Ништо не е забрането со исклучок на пукање од пиштоли за заплашување. Полицијата опоменува, дека сите што ќе се осмелат на такво нешто, ризикуваат казна до десет илјади евра. А, на сите трошоци за Божик и пречекот на Новата година, дополнителен товар за џебот не е потребен.