1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Подготовки за посетата на Меркел на Москва

Стратегиското партнерство со Русија не само што останува, туку ќе биде и надградено, му соопшти германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер при вчерашната средба во Москва на рускиот претседател Владимир Путин. Во разговорите потоа со неговиот колега Сергеј Лавров стана збор за балтичкиот гасовод и за атомската програма на Иран.

Штајнмајер и Путин вчера во Москва

Штајнмајер и Путин вчера во Москва

По средбата со германскиот министер, рускиот претседател Владимир Путин изјави:

„Односите меѓу нашите две земји се на многу високо ниво во што и вие многу придонесовте. Затоа сметаме дека темпото на нашата соработка ќе се задржи и во иднина.

Во Москва е забележано дека германската канцеларка Ангела Меркел во новата политика кон Русија сака да стави поинакви акценти. Нејзината најава дека кон балтичкиот гасовод договорен меѓу Шредер и Путин пристпа треба да имаат и трети земји, при што во Варшава ја спомна Полска, во Москва досега не е коментирана. Претседателот Путин инистираше на континуитет во меѓусебните односи:

„Германија за нас секогаш беше важен партнер, како билатерално, така и со Европската унија. Посебно во координирањето на нашите позиции за актуелните проблеми„.

Синоќа Штајнмајер имаше средба и со неговиот руски колега Сергеј Лавров кој изрази задоволство од првиот контакт:

„Најважното што го покажа посетата на министерот Штајнмајер на Москва е јасната потврда на континуитетот на сите нивоа во германско-руските односи„.

На прво место во разговорите беше атомската програма на Иран. Лавров смета на брза обнова на преговорите со Техеран. Штајнмајер ја пофали руската посредничка улога и апелираше до Техеран:

„Од Иран очекуваме сигнали да се откаже од едностраните чекори и да се врати на преговарчката маса. Во тој случај гледам шанса да постигнеме успех„.

Тема на разговорите беше и балтичкиот гасовод меѓу Русија и Германија чија изградба ќе започне во идната недела. Полска и балтичките држави се сметаат за прескокнати од овој заеднички проект на рускиот концерн Газпорм и на германските фирми Еон и БАСФ. Шатјнмајер во Москва подвлече дека тој гасовод не им е конкуренција на постојните што минуваат низ Полска, туку неопходно дополнување. Лавров изјави:

„Многу е едноставно. Русија има гас. Во Германија и во други западно-европски земји постојат купувачи, па размислувавме како најповолно да го испорачуваме. Проектот е резултат на тоа„.

Двајцата министри инаку, ја подготвуваа и посетата на Ангела Меркел на Москва кон средината на јануари, како и новата рунда редовни германско-руски владини консултации кон средината на март. Во конечната оценка за посетата Штајнмајер изјави:

„Можеме слободно да се потрепеме врз постигнатите германско-руски односи и тоа важи не само за економските, посебно во енергетскиот сектор, туку и за културната размена. Сето тоа е широка основа за нашите односи врз кои натаму сакаме да работиме„.