Подготовка на нова стратегија за Ирак | Свет | DW | 29.12.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Подготовка на нова стратегија за Ирак

Според зборовите на американскиот претседател Џорџ Буш, во дебатата околу новата стратегија кон Ирак има напредок, но потребни се натамошни договарања во кои треба да биде вклучен и конгресот. Буш го изјави ова по средбата со членовите на националниот совет за безбедност на неговиот ранч во Крофорд.

Според Буш потребно е Ирак да има таква влада што ќе биде во состојба да го спречи насилството. САД и натаму ќе помагаат во изградбата и ширењето на демократијата во таа земја:

“Штотуку имав средба со мојот тим за национална безбедност и првпат имав можност да разговарам и со министерот за одбрана Гејтс по неговоот враќање од Ирак. Ќе морам да одржам уште неколку консултации пред да и се обратам на нацијата во врска со новиот план за Ирак“, изјави Буш по средбата.

“Ќе продолжиме да работиме заедно со ирачката влада. Клучот на успехот во Ирак е земјата да има влада што ќе може да ја сочува младата демократија во земјата. Ние ќе им помогнеме за да успеат и ќе продолжиме да се консултираме со Ирачаните. Ќе разговарам и со конгресот“, најави американскиот претседател и дополни:

“Важно е американскиот народ да разбере дека успехот во Ирак е витален за нашата сопствена безбедност. Ако не успееме во Ирак, непријателот – екстремистите и радикалите – ќе ги продолжат нападите и ќе бидат во можност да и се закануваат на нашата земја“, рече американскиот претседател по средбата со членовите на советот за национална безбедност.