1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Подготвува ли Израел атомски напад врз иранските нуклеарни постројки?

Израелската влада остро ги демантираше наодите во еден извештај на весникот Лондон Тајмс кој говори дека таква можност постои.

Иранскиот претседател Ахмединеџат пред една атомска постројка

Иранскиот претседател Ахмединеџат пред една атомска постројка

Израелското министерство за надворешни работи ја презеде задачата да го коментира извештајот на британскиот весник: Израел сака , прашањето на иранската атомска програма, дипломатски да биде решено – истакна, портпаролот на министерството , Марк Регев.

Тој дополни дека Израел во целост ги подржува дипломатските напори на меѓународната заедница како и целосното спроведување на резолуцијата за Иран на Советот за безбедност на ОН. Само доколку дипломатијата има успех , проблемот може да биде решен по мирен пат- изјави Регев.

Останатите владини тела во Телавив одбија да заземат став спрема извештајот во лондонски Сандеј Тајмс.

Весникот повикувајќи се на неименувани израелски воени кругови , известува дека израелската воена авијација вежба напад за уништување на три ирански атомски постројки со тактички атомски бомби.

Такви приказни не коментираме – изјави портпаролот на израелската влада Мири Еисин,

Премиерот Ехуд Олмерт во последните недели во неколку наврати јавно истакна дека не би сакал да прифати еден нуклеарно вооружен Иран:

„Тие зборуваат за уништување на еврејскиот народ . А ние не можеме никому во светот да му дозволиме да им се заканува на државаа Израел и на животите на Евреите“- истакна Олмерт .

Доколку дипломатските активности немаат успех , - истакна премиерот , Израел не ја искчучува воената опција како последно сретство за решавање на проблемот.