Подготвен е нов предлог закон за верски заедници? | Македонија | DW | 12.12.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Подготвен е нов предлог закон за верски заедници?

Македонската влада подготвила нов предлог закон за верски заедници во Македонија. Премиерот Никола Груевски сеуште не соопштува детали од него, но поглаварите на двете најголеми верски заедници во земјата, МПЦ и ИВЗ, се категорично против либерализација на ова поле каква што бара ЕУ.

default

Владата објави дека составила ново решение на законот за верски заедници што меѓународните фактори го поставуваат како услов за натамошните евро-интегративни процеси на Македонија. САД и ЕУ бараат либерализација на оваа сфера за земјата да може да очекува членство во НАТО и во унијата. Колкави отстапки се направени и што содржи новиот предлог закон - премиерот Никола Груевски одби да соопшти. Тој за телевизија Сител најави дека законот ќе оди прво на увид во ОБСЕ:

”Предлогот веќе е дефиниран, го имаме во раце, но во овој момент, додека не го издискутираме со сите, вклучително и ОБСЕ и останатите релевантни фактори кои што се заинтересирани за овој закон во Македонија. ”

Најбројните религиозни заедници во Македонија се спротивставија на владината намера под притисок на меѓународниот фактор позначајно да го менува законот што ги регулира верските права и слободи во земјата. За Македонската православна црква и за Исламската верска заедница е неприфатливо да се озакони постоењето на повеќе заедници од една иста вера. МПЦ не сака да чуе за легализација на православната Охридска Архиепископија на Јован Вранишковски, за ИВЗ на Бехтешката заедница. Поглаварите г.н. Стефан и реисот Сулејман Реџепи осатнуваат на ставот:

”Посакувавме и сакаме закон кој во вистинска смисла на зборот ќе биде закон, а не закон што ќе донесе беззаконие во Република Македонија на верски план”, изјави г.н. Стефан.

Реисот Сулејман Реџепи додава:

”Нема да прифатиме тој член да се избрише. Верските заедници не измислуваат мислења, туку практично само ја пренесуваат жлебата на верниците во Република Македонија. ”

Дали за да ги задоволи препораките на странците, владата сепак го избриша членот што спречува легализација на паралелни цркви и заедници. Премиерот Груевски вели:

”Не би можел да коментирам такви работи. Во фаза на разговори сме со црквите, со МПЦ, со ИВЗ, со Католичката црква, со други институции. Откако ќе се завршат разговорите со сите и откако ќе го чуеме и мислењето на ОБСЕ, тогаш во јавноста ќе излеземе со тоа што има во законот, што се предвидува.”

Македонскиот премиер Никола Груевски и поглаварот на католиците во Македонија, бискупот Киро Стојанов, вчера доцна попладне ја договараа претстојната посета на Ватикан предвидена за крајот на неделава. Владата ќе го покани папата Бенедикт 16-ти да ја посети Македонија.