1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Подготвеност за прекин на огнот во Сирија

Шефот на комисијата на ОН, која истражува воени злосторства во Сирија, Паулу Сержу Пињеро предупреди дека присуството на стотици исламисти се заканува да го радикализира 19-месечниот конфликт во земјата.

Бразилскиот професор изјави дека комисијата стравува оти странските милитанти и радикалните џихадисти не војуваат за демократија и слобода, туку ги следат сопствените радикални цели. Тој истакна дека нарушувањата на човековите права, извршувани од двете страни во конфликтот, „драматично ескалирале“ во последните месеци.

„Нивното приуство може да придонесе за радикализирање на конфликтот и да биде исклучително опасно“, додаде шефот на Комисијата. Таа утврдила дека странските милитанти доаѓаат од 11 земји, но и покрај тоа нивниот точен број не е познат. Независната анкетна комисија беше назначена од Советот на ОН за човекови права, за да ги документира, регистрира и набљудува нарушувањата на човековите права и воените злосторства во Сирија. Нејзиниот мандат е продолжендо март 2013 година.

Кој прв да прекине со стрелање?

Сириските бунтовници се подготвени да го почитуваат евентуалниот прекин на огнот, но доколку режимот прв го стопира насилството. Сирискиот национален совет има позитивно мислење за предлогот на специјалниот пратеник на Обединетите нации и Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими за прекин на огнот за време на претстојниот муслимански празник Курбан бајрам, кон крајот на овој месец. Истовремено главната коалиција на сириската опозиција дава до знаење дека е неопходно режимот на претседателот Башар ал-Асад прв да го

прекине насилството, изјави претседателот на Сирискиот национален совет Абделбасит Сида. Според Сида повикот на Брахими е упатен најпрво до сирискиот режим, кој, како што рече, не престанува да ги стрела градовите и селата во земјата.

Во текот на вчерашниот ден и портпаролот на сириското Министерство за надворешни работи Џихад Макдиси изјави дека сириската Влада е заинтересирана за предлогот на специјалниот пратеник Брахими.

„За да успееме во која било иницијатива потребни се две страни“, рече Макдиси.

Тој истакна дека за „половина од насилството во Сирија се одговорни бунтовниците и нивните приврзаници“ и додаде дека тие исто така треба да бидат вклучени во предлогот на Брахими.

Брахими предложи прекин на огнот за време на четиридневниот Курбан бајрам, кон крајот на овој месец со што би се отворил патот за политичко решавање на 19-месечната криза во Сирија.

Поврзана содржина