1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Подготвеност да се изнајде решение

Германскиот канцелар Герхард Шредер и грчкиот премиер Костас Караманлис на прес-конференцијата во Берлин на прашање од дописникот на македонската редакција на Дојче Веле зборуваа и околу проблемот со уставното име на Македонија

Караманлис и Шредер во Берлин

Караманлис и Шредер во Берлин

САД минатаа година ја признаа Македонија под уставното име, а вакви иницијативи покренаа и германскиот Бундестаг и Британскиот парламент. Какво решение предлага господин Караманлис за овој проблем го прашавме грчкиот премиер на прес-конференцијата во Берлин.

"Ние предлагаме едно политичко решение и сметаме дека врз основа на ова политичко решение можеме навистина да дојдеме до решение на проблемот. Секако дека треба да има одговор и од другата страна. Но, ние сме подготвени да се изнајде решение" - изјави на грчки премиерот Костас Караманлис, кој инаку на средбата со канцеларот Шредер говореше германски.

Првиот човек на германскиот кабинет пак го запшрашавме кога Германија ке ја признае Македонија?

"Секако дека ми е познат и подразбирливо дека високо го почитувам заклучокот на Бундестагот. Би укажал само дека доколку навистина на Македонија и се дава можност за процес на доближување кон ЕУ, тогаш Грција и е потребна. Своевремено и на македонскиот премиер ова му го реков и сметам, дека е многу мудро она што го кажа грчкиот премиер: брзо да се изнајде едно политичко решение кое ке го почитува суверенитетот на Македонија, а со кое Грција ке може активно да го поддржи доближувањето на Македонија кон Европа" - изјави канцеларот Шредер.