1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Подготвени ли се Македонците за анти-пушачкиот закон?

Макдеонските власти дефинитивно му објавуваат војна на пушењето.Со интензивна медиумска кампања надлежните ќе се обидат да ги подготват граѓаните на ригорозниот закон што за месец и половина стапува на сила.

default

На први јануари земјата станува дел од големата европска антипушачка коалиција. Пушењето ќе биде забрането во сите затворени простории. Ограничувањете најмногу ги загрижува сопствениците на угосителски објекти. Нема пушење во дискотеките ниту во кафулињата. Правилата се строги а казните големи. Пушачите фатени со цигара в кафеана ќе бидат казнети со 300 евра, а локалот ќе плати меѓу 2000 и 4000 евра. Законот е европски но дали е применлив во македонски услови.

Бурни реакции на граѓаните

„ Јас сум пушач ама мора да се прилагодувам, ако се почитува од сите ќе почитува и ние“, вели еден граѓанин на Скопје.

Mazedonien Land und Leute Mann und Frau auf Parkbank

Улица Македонија во Скопје

Може ли со бројните реклами за штетноста на пушењето со силните предупредувања и со цените на цигарите да се менува свеста на македонските граѓани кои важат за едни од најстрасните пушачи во Европа.

„Никаде во светот не се намалил бројот на пушачи со казнување“, објаснува психијатрот Саше Перчиновски.

700.000 пушачи во Македонија

Најжестоко реагираат угостителите. Се жалат дека ќе им пропадне бизнисот. Прашуваат дали ќе им дојде гостин во кафеана ако не смее да пуши? Ја предупредуваат државата дека ќе мораат да ги отпуштаат вработените.

„Ние сме друг менталитет, Еврoпјани доаѓаат во кафана јадат и си одат“.

Според последните статистики со 700.000 граѓани кои се страствени пушачи Македонија е на второ место зад Полска, која е најпушачка нација во Европа. Додека во светот постои тренд на намалување, во Македонија од година во година се зголемува бројот на пушачи. Пред неколку години е донесен закон за забрана за пушење на јавни места, ама не се почитува. Кампањата за менување на свеста навестува поголема решеност за битка со овој порок но обесхрабрува искуството од регионот.

Автор: Горан Петревски

Редактор: Симе Недевски