1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Подводен шатор за спас

Една недела по експлозијата на платформата „Дипвотер хоризонт“ во заливот на Мексико, во морето и натаму се излеваат стотици илјади литри сурова нафта. Дали подводен шатор за покривање на потонатата платформа е спас?

default

Платформата потона по експлозија

Долгата темна линија во водата која се протега до каде што достига погледот, може да се види и од небото. Таа секојдневно е се‘ подолга. Веќе сега нафтениот тепих е поголем од американската сојузна држава Роуд Ајленд. Нафтениот тепих се‘ повеќе се приближува до брегот и со тоа работите на санирање на состојбите стануваат се‘ потешки. Транспортните авиони Ц130 на американската крајбрежна стража можат да прскаат хемикалии кои помагаат за побрзо исчезнување на нафтата од површината на водата само на отворено море, но не и во непосредна близина на Луизијана и Флорида: „Во наредните три дена брегот ќе остане поштеден, доколку имаме среќа, но веќе во текот на викендот нафтата ќе стигне до брегот на Луизијана и Флорида“, вели ракводителот на акцијата за санирање Даг Хелтон.

Ни најдобрите експерти не можат да направат многу

Ситуацијата ќе стане уште потешка кога нафтата ќе ги опколи чувствителните региони, како островите каде птиците се заштитени и кои имаат тропски шуми. Но, дури и најдобрите експерти на светот немаат средства за да ја спречат катастрофата што се наѕира. На 1500 метри под површината, во Мексиканскиот залив и натаму се излеваат илјадници литри сурова нафта.

„Можете ли да ни‘ кажете од каде всушност доаѓа нафтата?“

На ова прашање на националната американска телевизија НПР може да се даде прецизен одговор. Нафтата од една цевка за црпење нафта се излева директно во водата. Долгата цевка е оштетена од експлозијата и како повеќепати прекршено порозно црево лежи на дното на морето, вели еден експерт.

Ölbohrinsel Mexico gesunken Flash-Galerie

Експеримент

Храброста која произлегува од очајната состојба ги натера специјалистите на нафтениот концерн „БП“ и на фирмата која управува со платформата „Трансоушн“ да направат експеримент. Првпат во историјата на црпењето нафта, на 1500 метри под површината на морето треба да се постави шатор во форма на купола врз оштетената цевка. Теоретски ваквиот шатор би требало да ја собира нафтата која истекува, за потоа таа нафта да биде впиена под дното на морето.

„Ваков шатор никогаш не бил поставен на олкава длабочина“, нагласува нафтениот експерт Гај Хазан од „Вол Стрит Журнал“.

Ölbohrinsel gesunken Flash-Galerie

Дали шаторот ќе функционира?

Никој не знае дали шаторот ќе функционира и, доколку воопшто функционира, тоа ќе се случи најрано за четири недели. Паралелно со тоа, „БП“ има намера да стави уште една цевка за црпење нафта во морето за оттаму да го запре надоаѓањето на нафтата, што би била еден вид цевка за спасување. Но, и ваквата инсталација, која ќе чини 100 милиони долари, ќе трае три месеци, со оглед на условите. Дотогаш, во Мексиканскиот залив ќе се излеваат огромни количества сурова нафта. Гувернерот на Флорида, Крист веќе апелираше до американскиот претседател Обама - одлуката за поставување нови платформи за црпење нафта на американските брегови мора да се преиспита.

Автор: Ралф Зина/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска