1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Подвижна исповедалница

Едвај 20 проценти од жителите на покраината Мекленбург Предна Померанија се христијански верници. Тоа го наведе свештеникот Јозеф Хубка со својата мобилна исповедалница да се упати токму таму и да ги понуди своите услуги

default

Свештеникот Јозеф Хубка патуваше 700 километри од Баден Виртемберг до Мекленбург Предна Померанија. Неговиот кампинг автобус е подвижна исповедалница- место каде луѓето ги исповедуваат своите гревови, а тој им ги простува.

„Забележавме дека исповедувањето во Германија се повеќе останува во втор план и дојдовме до идеја да го извлечеме од темниот агол и да го ставиме во центарот и тоа е улогата на ова возило за исповеди“, вели отецот Јозеф Хубка.

Католичкиот свештеник работи за организацијата Црквата во неволја. Херман Јозеф Хубка е на некој начин уличен работник, тука во атеистичката Мекленбург Предна Померанија. Тука само една петтина од граѓаните се христијански верници. Отецот Хубка затоа се паркира на најпрометните места во Шверин.

„Тука подзастануваат многу луѓе кои можеби и немаат желба да се исповедаат, или ретко одат во црква, но честопати ќе застанат и понекогаш и остануваат. Така почнувате разговор, честопати тие разговори се опуштени, но понекогаш и се продлабочуваат“, објаснува свештеникот.

Ветувањата дадени зад вратата на автобусот, остануваат тајна. Отец Хубка смета дека многу луѓе се поотворени во возилото отколку кај локалните свештеници. По неколку часа тој го напушта градот. Оној кој ќе седне на масата кај отец Хубка добива простување на гревовите. Дури и доколку не е католик.