1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Подвиг на Франција, шоу на Роналдо

Франција успеа да ја анулира негативата од два гола во дуелот против Украина. Кристијано Роналдо брилјираше за својата репрезентација во дуелот против Шведска.

По одигрувањето на реванш баражите синоќа репрезентациите на Хрватска, Франција, Португалија и на Грција изборија пласман на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Бразил.

Франција направи најголем подвиг откако негативата (0:2) од Украина ја анулираше со 3:0 на „Сент Дени“ во Париз. Головите за „триколорите“ ги постигнаа: Мамаду Сако, Карим Бензема и Олег Гусев (автогол).

Возбудливо со пресврти беше на дуелот Шведска - Португалија, кој гостите го добија со 3:2 и со вкупни 4:2 се пласираа на Мундијалот. Португалија поведе со 1:0, потоа Шведска за четири минути имаше водство од 2:1, а Португалија за две минути го врати водството и победата. Златан Ибрахимовиќ за Шведска постигна два гола, а Кристијано Роналдо за Португалија хет – трик.

Хрватска го победи Исланд со 2:0 во Загреб што беше и вкупен резултат, а головите ги постигнаа Марио Манџукиќ и Дарио Срна.

Единствено без победник заврши дуелот во Букурешт, Романија - Грција 1:1, но поради победата на домашен терен Грција се пласира на СП. Гостите поведоа преку Константинос Митроглу, а изедначи со автогол Василеос Торосидис.

Во африканската зона учеството на Мундијалот вчера го обезбедија Алжир и Гана. Мексико со уште една победа ги заверија убедливите победи од првите дуели против Нов Зеланд и Јордан, со што си обезбедија пат во Бразил.