1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Податоците не се заштитени ни од државата ни од граѓаните

Претседателот на Сојузниот уставен суд, Ханс Јирген Папир, неодамна предупреди за можна катастрофа на заштитата на податоците. Основното право на заштитата не е доволно обезбедено ниту од државата, ниту од граѓаните.

default

Заштита на податоци

Ханс Јирген Папир, претседател на уставниот суд, во едно интервју во неделата (03.05.09), не го спомна за првпат предупредувачкиот израз за катастрофа на заштитата на податоците. Речиси пред половина година, кога излегоа на виделина скандалите со злоупотреба на податоците во компаниите Лидл, Телеком и Германски железници, тој ја употреби таа формулација во официјалниот говор пред надлежните лица за заштита на податоците во федерацијата и покраините. Тие беа собрани во Карлсруе по повод 25-годишнината од пресудата на уставниот суд за пописот, која се смета за почеток во заштитата на податоците.

Hans-Juergen Papier warnt vor dem Supergau des Datenschutzes

Претседателот на Уставниот суд, Ханс Јирген Папир

Ханс Јирген Папир ја искористи шансата да го опише сегашното, во некој поглед заканувачко сценарио на модерниот свет на податоци, кон кого, покрај компјутерската технологија, од пред 15 години се приклучи и интернетот. Папир тука го нагласи и загрозувањето на сопствените податоци од самите приватни корисници на интернетот.

„Во интернет можеме да пишуваме писма кои стигнуваат за секунда, да купуваме книги или билети за воз, да вршиме разни банкарски трансакции. И, без многу да размислиме, на различни интернет-страници ги правиме достапни, пред за нас целосно непозната публика, нашите најинтимни мисли, чувства или слики. Кога би ги споиле информациите за нас меморирани насекаде во светот, лесно може да се направи профил на личноста за секој од нас. Со тоа станува реалност катастрофата на заштитата на податоците, на која се однесуваше и пресудата на уставниот суд за пописот на населението, но сега реализирана од страна на приватни лица“, објасни Папир.

И компаниите и граѓаните треба да се претпазливи

Deutschland Sicherheit Fingerabdruck Scanner

Претседателот на Уставниот суд предупредувањето изрично им го упати на граѓаните, а ги опомена и големите економски корпорации. „За да може конечно и во приватната сфера да се обезбеди спроведување на објективната содржина на основното право на заштита на податоците, се чини дека се токму како погодени воведувањето принцип на одобрување за трговија со податоци, планиран од владата, како и некој вид доброволна постапка за заштита на податоците“, рече претседателот на Уставниот суд.

Од друга страна, Папир е свесен дека приватните напори за заштита на податоците се осудени на неуспех, бидејќи националните рамки се премногу тесни за да можат да ги спречат, барем половично, сите опасносноти по заштитата на податоците на интернет. Затоа тој смета дека државата има обврска да ги заштити слободарските права на граѓаните и на интернационално ниво.

Автор: Михаел Рајзенбергер / Ана Алибегова

Редактор: Александра Трајковска