1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Подарена изборна победа

Пред вториот круг претседателски избори во Авганистан, закажан за 7 ноември, екс-авганистанскиот министер за надворешни работи и кандидат за претседател, Абдула Абдула, денеска (01.11.2009) објави дека се повлекува.

default

Абдула Абдула

„Во знак на протест поради неодмерените постапки на владата и на Изборната комисија, нема да учествувам во вториот круг на изборите“, рече Абдула на прес-конференцијата во Кабул.

Тој нагласи дека ја донесол ваквата одлука бидејќи не биле прифатени неговите барања кои требало да придонесат за спроведување на фер и демократски избори.

Абдула истакна дека тоа што Централната изборна комисија ги одбила неговите барања, го убедило дека нема шанси за транспарентност на изборите.

Тој на прес-конференцијата рече дека ја смета актуелната влада на претседателот Хамид Каразаи за нелегитимна, од причина што нејзиниот мандат истекол на 1 мај оваа година.

Во првиот круг од претседателските избори, одржани во август, Абдула освои 30,59 отсто од гласовите, а актуелниот претседател Карзаи 49,57 проценти.

Дали Абдула го спасува образот?

Можно, е наведуваат критичарите на Абдула, дека тој ги согледал малите шанси да успее во вториот круг и заради тоа сака да си го зачува образот преку повлекување.

Портпаролот на изборниот штаб на Карзаи, Вахид Омар оцени дека одлуката на Абдула е „несреќна“, бидејќи Авганистанците треба да имаат право да избираат меѓу двајца кандидати. Тој, сепак, подвлече дека вториот круг избори наредната недела ќе се одржи.

Afghanistan / Hamid Karsai

Хамид Карзаи

„Му честитаме на доктор Абдула за тоа што водеше добра изборна кампања, беше извонреден противник, штета е што се повлече, но ние сметаме дека изборите мора да продолжат, процесот мора да заврши.“

Централната изборна комисија соопшти дека вториот круг од претседателските избори во Авганистан, сепак ќе се одржи.

Уставот нема решение за ваков случај, аналитичарите затоа сметаат дека е потребно изјаснување на Врховниот суд. Во принцип се‘ е можно, Карзаи да биде прогласен за победник со или без втор круг избори, или да предводи преодна влада до нови избори.

Посебниот пратеник на ОН за Авганистан Кај Ејде изрази жалење за одлуката на Абдула, за која рече дека е сигурен оти е донесена по долги размислувања и дискусии. Тој побара што поскоро завршување на изборите во Авганистан. И германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле изрази жалење за повлекувањето на Абдула и повика на разумно решение. Талибанците, пак, најавија нова серија напади на вториот круг од претседателските избори во земјата, доколку се одржат.

ЖА/ЕМФ/дпа/ап/дв

DW.COM