1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Подадена рака или само стратешки потег

Петер Филип ја коментира последната понуда на израелскиот премиер Олмерт до арапските лидери за одржување мировна конференција , која ја даде по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Ерусалим

Јехуд Олмерт и Ангела Меркел

Јехуд Олмерт и Ангела Меркел

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт е во се понепријатна ситуација. Најнапред поради масовната критика од неговиот народ поради неуспешната војна против Хезболах во Либан минатото лето , потоа поради договорот меѓу Фатах и Хамас околу палестинската влада на национално единство , по што следуваше омекнување на досегашниот фронт на Западот кон владата што беше предводена од Хамас.

И сега ова: Арапската лига за време на средбата во главниот град на Саудиска Арабија , Риад, ја обнови понудата да склучи мир со Израел доколку тој е подготвен да се откаже од териториите што ги окупирал во 1967 година и да дозволи враќање на палестинските беггалци.

Кога овој предлог за првпат беше поднесен пред пет години , Ерусалим го отфрли со образложение дека условите не се прифатливи. Денес Олмерт не може да си дозволи таква реакција . Тоа уште во Риад јасно го стави до знаење американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс а израелскиот премиер го почуствува тоа и при неговите контакти со Европејците .

И што би било пологично отколку да се искористи посетата на канцеларката Меркел за за повратна инивијатива?

Кога Ехуд Олмерт вели дека е подготев за мировна конференција со арапските лидери , тогаш тоа е повеќе стратешка изјава отколку озбилен обид во насока на воспоставување мир на Блискиот Исток, бидејќи израелскиот премиер веднаш додаде дека мисли нормално на само на умерените лидери од спротивната страна и оти Израел и натаму има задршки околу понудата од Риад.

Во суштина , Израел и натаму одбива да ги врати сите области окупирани во 1967 година , особено не одамна анектираниот Источен Ерусалим. Истотака се отфрла и гарантирањето на правото на враќање на палестинските бегалци од 1948 година на територијата на израелската држава. Што се однесува до повлекувањето на линиите од 1967 година , ставор на израел е во директна спротивност со важечкото меѓународно гледиште , според кое палестинската држава треба да биде основана на областите кои беа окупирани во шстдневната војна . Кога станува збор за враќањето на бегалците , тоа и може да се разбере , затоа што кога веќе треба да има палестинска држава покрај Израел , тогаш таа би требало да ги преземе бегалците . а не Израел .

Арапската Лига меѓутоа нема да прави такви разлики . за неа мировната понуда до Израел е доволно револуционерна и нема подготвеност , да се преговара за тоа со Израел . Поради тоа понудата на Олмерт оди во ветер : бидејќи мировна конференција каква што тој замислува нема да може да се одржи. Тоа Олмерт го знае инаку не би додал веднаш дека понудата се однесува само на умерените арапски лидери.

Но има уште причини за неуспех. како во секој принципиелен спор така и во овој Израел мора да биде подготвен да разговара и со своите радикални противници. Придобивањето на умерените не е никаква особена вештина . Но радикалните не го сакаат тоа. Токму како и што израел не сака со нив.

И без оглед колку е тоа разбирливо истовремено е и рецепт за неуспех.