1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Подавање рака

МПЦ ќе иницира обновување на дијалогот со Белград,во наредните денови до Светиот архиерејски сабор на СПЦ ќе биде испратено писмо со предлог споорт да се надмине низ преговори.

default

Македонските владици веќе го составуваат текстот на писмото што ќе го потпише поглаварот на МПЦ,г.г. Стефан:

„Веројатно текстот ќе се подготви,а кога ќе биде испратено писмото,ќе одлучи Светиот архиерејски синод на МПЦ“,вели поглаварот Стефан.

Тој не открива детали од писмото,но тврди дека МПЦ нема да отстапи од позицијата автокефалност и непроменливост на името.Како пречка во можниот дијалог и сега се јавува Јован,екс владиката на МПЦ,кој е во затвор поради финансиски малверзации.СПЦ побара од новите власти во Скопје негово ослободување.Сепак,тоновите што стасаа од Белград по најновата седница на СПЦ беа поумерени.Тоа ги охрабри македонските владици да го скршат мразот во комуникацијата и ги подигна нивните очекувања.

„Верувам дека членовите на Светиот архиерејски синод и на Саборот на СПЦ ќе имаат правичен,праведен и начин и кој ќе помогне да ги надминеме овие прашања што стојат нерешливи меѓу нас.“

Двете цркви долги години водат спор околу статусот на МПЦ.Односите се крајно нарушени откако СПЦ ја создаде Православната Охридска архиепископија на чело со Јован како паралелна црква во Македонија.Останатите православни цркви кои сакаа да помогнат увидоа дека тоа не е решение за верниците од овие простори,па сугерираат двете цркви низ преговори да дојдат до решение.Тоа би значело МПЦ да добие канонски отпуст од СПЦ,а потоа и автокефалност и рамноправна позиција со другите цркви во православниот свет.