1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Погреб на Милошевиќ

Во Пожаревац, во дворот на семејната куќа, попладнево околу 17 часот треба да биде погребан Слободан Милошевиќ, без присуство на ниту еден член на семејството. Милошевиќ почина минатата сабота, од, како што утврди обдукцијата, срцев удар. Неговото тело од Хаг во Белград беше донесено во средата, а од четвртокот беше изложено во музејот “25 мај%, на Дедиње. На платото пред собранието на Србија и Црна Гор

default

�, во организација на Социјалистичката партија на Србија, и во присуство на околу 80 илјади луѓе напладне се одржа комеморативен собир.

Голем дел од собраните носеа слики и беџови на Милошевиќ, а имаше и слики на обвинетите во Хаг, Младиќ и Караџиќ.

Настанот го следеа стотици новинари, а дел од светските телевизиски станици, известувајќи од Белград, и директно се вклучуваа со пренос на церемонијата.

Пред минутата молк, потпретседателот на Социјалистичката партија, Милорад Вучелиќ, изјави “Милошевиќ беше најдобриот од сите нас“. Покрај ковчегот на Милошевиќ, денеска стоеја и лица во униформи, за кои министерството за одбрана на Србија и Црна Гора, соопшти дека не се активни припадници на армијата, туку се пензионери. Во свечена генералска униформа, денеска на церемонијата во Белград присуствуваше и обвинетиот во Хаг Драгољуб Ојданиќ, кој е на привремена слобода. На комеморативниот собир е прочитан и говорот на Милошевиќ од втори октомври 2000 година, во кој тој го обвини тогашниот лидер на опозицијата, Зоран Џинџиќ дека сака да воспостави марионетски режим во Србија во име на странските служби. Тоа беше и една од основните пораки испратени од собирот, покрај обвинувањата на сметка на Хашкиот трибунал и поддршка за обвинетите, како и оценките дека Милошевиќ направил се за да ја зачува бивша Југославија и дека бил жртва на глобализацијата.

Луѓето во Пожаревац, собрани на плоштадот, преку видео бим ја следеа церемонијата во Белград. Опело на погребот во Пожаревац, попладнево,треба да служи владиката Филарет. Сопругата на Милошевиќ, Мира Марковиќ и синот Марко, како и братот на Милошевиќ, Борислав, се наоѓаат во Москва, додека неговата ќерка Марија е во Црна Гора.

Против Мирјана Марковиќ е покрената судска постапка за злоупотреба на службени овластувања. Доколку дојде во Србија, таа би имала обврска на 23 март да се појави на судење. Ќерката Марија, е огорчена од одлуката нејзиниот татко да биде погребан во Пожаревац, и најавува дека ќе покрене постапка за негова ексхумација за тој да биде погребан во Црна Гора. Марија Милошевиќ вели дека имотот во Пожаревац е наследство на нејзината мајка, а не семејна куќа.

Според најавите, во Пожаревац, треба да говорат неколку претставници на странски делегации и локални функционери на Социјалистичката партија. Во Белград, за 15 часот, на плоштадот на Републиката, пак е закажано неформалното собирање на противниците на политиката на Милошевиќ. Деновиве, по повод обидите за рехабилитација на погубната политика на Милошевиќ, веќе се огласија основачите на Народното движење “Отпор“. За Дојче Веле, Синиша Шикман од “Отпор“ изјави:

“Недопустливо е Србија да заборави на десетиците и стотиците илјади жртви кои Слободан Милошевиќ свесно ги испрати во смрт, уништувањето на земјата и линчот што го преживеа огромен број луѓе. Сите ние граѓани на Србија мора да се спротивстваиме на политиката која се заканува од Милошевиќ да направи некаков лидер и светец. “