1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Погреб на Венеција

Егзодусот на жителите на Венеција не престанува. Бројот на жители на овој град падна под 60 илјади. Затоа група венецијанци одлучија да организираат „погреб“ на градот на водата.

default

Се повеќе жители си заминуваат од градот на вода

Намалувањето на бројот на населението е децениска грижа на граѓаните на Венеција. Во далечната 1960 година дури 145 илјади луѓе живее во градот на вода како од бајките. Триесет години подоцна, градот имаше 78 илјади жители, а денес таа бројка е под 60 илјади.

Граѓаните се загрижени и сметаат дека нешто мора да се преземе за да се спречи демографскиот распад. Популацијата старее, зградите се распаѓаат, а од друга страна парите се вложуваат за различни содржини за милионите туристи кои секоја година го посетуваат градот.

Се е посветено на туризмот

Марио Сечи е роден во Венеција, исто како и неговиот татко и дедо. Тој бил приморан да се одсели од градот поради превисоките кирии. Неговиот син Матео Сечи е локален бизнисмен и еден од организаторите на „погребот“ на градот. Група венецијанци на 14 ноември низ улиците на градот ќе го прошетаат ковчегот кој ја симболизира Венеција. Матео вели дека превисоките цени на становите и кириите се главна причина поради која луѓето го напуштаат градот.

Begräbnis von Venedig

Симболичен погреб на градот

„Венеција е на удар на крупниот капитал. Богатите луѓе купуваат куќи во Венеција кои по неколку години ги продаваат неколкукратно поскапо“.

Локалните власти признаваат дека постои проблем. Претставничката на локалните власти Мара Румиз смета дека најпрво е неопходно да се решат два горливи проблеми:

„Најпрво мора да се реши проблемот со кириите, а потоа и проблемот на недостатокот на било какви активности и содржини за граѓаните на Венеција. Овде е се посветено на туризмот“.

Град на духови

Матео Сечи предупредува:

„Ова што се случува е опасно! Град без жители не е град. Тоа сигурно ќе влијае и на туризмот, бидејќи граѓаните на Венеција и даваат извесен шарм“.

Многумина сметаат дека ако демографскиот пад на Венеција продолжи до 2030 година, таа ќе стане град на духови, под опсада од хорди туристи. Денес, дури 18 милиони туристи годишно го посетуваат историскиот град на вода, а се стравува дека за 20 години таа бројка би можела да се удвои.

Автор: Сабина Кастелфранко/Борис Георгиевски

Редактор: Жана Ацеска

Поврзана содржина