1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Поголем одзив во споредба со претходните избори

Досегашниот одзив на седмите парламентарни избори е 35,08 проценти, соопшти ДИК. Гласањето трае до 19 часот вечерва, а првичните резултати ДИК треба да ги објави 12 часа по завршување на гласањето.

default

ДИК соопшти дека гласањето се одвива главно мирно и дека сите избирачки места се отворени во 7 часот утрово.

Одѕивот во првата изборна единица е 39,1 отсто, во втората 31,89, во третата 40,82 отсто. Во четвртата изборна единица правото на глас го искористиле 37,2п роценти од избирачите, во петтата 34,93, а во шестата 27,6 отсто.

Според Кондарко, има некои информации за одредени нарушувања на текот на гласањето, односно неколку лица кои со мобилни телефони ги сликале

Iзборните материјали за гласањето на иселениците наскоро ќе пристигнат

Изборните материјали за гласањето на иселениците наскоро ќе пристигнат

избирачките ливчиња, но тоа е откриено од избирачките одбори и пријавено до надлежните институции и против нив ќе бидат преземени соодветни законски санкции.

Според директорот на Канцеларијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ, ОДИХР, Јанез Ленарчич, гласањето досега се одвива без проблеми, но треба да се почека до самиот крај. „Ова досега се 11-ти избори кои ги набљудуваме тука. Ние имаме над 300 краткорочни и долгорочни набљудувачи кои во Македонија се дојдени пред еден месец, пред изборниот период“ вели Ленарчич. Тој додаде дека меѓународните набљудувачи се насекаде низ земјата за да го набљудуваат гласањето и броењето на гласовите.

Автор: АЧ/макфакс/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM