1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Поголем избор на интернет-домени!

Досега интернет-адресите завршуваа со .com, .de или .mk. Но во иднина ќе биде многу пофлексибилно: од 2013 година интернет-домените можат да завршуваат со името на градот или фирмата.

default

ИКАНН (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers) е непрофитна организација, која треба да ја обезбеди оперативната стабилност на интернетот и да поттикне конкуренција на пазарот на интернет-домени. Понекогаш ја означуваат и како некој вид светска влада на интернетот. ИКАНН на 20 јуни 2011 во Сингапур донесе решение за регистрација на сосем нови области во сферата на имињата, со што се овозможува многу поголема флексибилност кај адресите за веб-страници (URL). Од 2013 година производителот на автомобили БМВ, на пример, може да побара интернет-адресата да му завршува со .bmw.

Се нудат нови можности

Досега интернет-адресите завршуваа со .com или .de и беа дозволени многу малку таканаречени топ-левел домени. Завршетокот .com беше предвиден за претпријатијата и во Германија има 92,5 милиони такви домени. Втората група завршетоци беа ознаки на држави - во случајот на Германија тој гласи .de и се наоѓа на околу 14,5 милиони адреси.

Поради ваквите ограничувања беше битно намалена можноста со впечатливо име веќе со интернет-адресата да се сврти внимание врз себе. „Сега нудиме платформа за наредната генерација на креативност и инспирација“, вели Питер Денгејт Траш, претставник на ИКАНН. Во иднина ќе бидат дозволени и нелатинични букви и знаци. Нов топ-левел домен можат да побараат само фирми или организации, кои ќе докажат дека ќе можат и да управуваат со областа на нови адреси, а мораат и да платат такса од 185 илјади долари (приближно 130 000 евра). Барања можат да се поднесат од 12 јануари до 12 април 2012 година. Новите адреси ќе влезат во употреба од 2013 година.

Новите адреси ќе го структуираат наново интернетот

На претпријатијата сега им се нудат „сосем нови шанси за формирање марки“, вели Томас Рикерт од Здружението на германската интернет-економија. Новите адреси целосно наново ќе го структуираат интернетот, смета неговиот колега Оливер Зиме, кој вели: „Темелно ќе се промени начинот на кој во иднина ќе пребаруваме во интернет“.

Deutschland Symbolbild Frauenquote eine Geschäftsfrau telefoniert

Многу претпријатија, пред се’ големи концерни и глобални марки, одамна чекаат на доделување нови топ-левел домени. И региони и градови, како Баварија или Барселона, сакаат да го стават своето име зад точката. Во ИКАНН очекуваат и етнички групи или застапници на одредени интереси да ги стават зад точката тие свои интереси, како на пример .green или .eco

Но, новата слобода може да води и кон конфликти. Новите адреси мораат да бидат „морални и во согласност со јавниот поредок“, велат од ИКОНН. За европските земји нема да биде проблем барањето на иницијативата на хомосексуалците од САД „dotgay", но секако би било проблем за исламските земји, предвидуваат учесниците на конференцијата на ИКАНН.

Автор: Мартин Муно/Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска