1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Поголемо учество на мигрантите

Мигрантите во Германија треба да бидат подобро интегрирани и поддржани, бара Турската заедница во земјата. Еден ден пред Самитот за интеграција, таа достави предлог-закон на оваа тема.

Поголемо учество во општествениот живот, подобра интеграција на пазарот на работна сила и процентуална застапеност во јавната администрација, тоа се целите кои ги има предлог-законот за поддршка на мигрантите во Германија.

Заедницата на Турците во Германија на предлогот работеше еднаипол година, консултираше експерти  и правници. Резултатот е документ од 32 страници, во кој се набројани одделни предлози.

Тие почнуваат од воведување двојно државјанство за мигрантите родени во Германија, до воспоставување место за посебен ополномоштеник во персоналлните и работничките совети, кој треба да се грижи за адекватна застапеност на доселениците во фирмите и во јавната администрација. Мигрантите треба во иднина да бидат подобро претставени и во комисиите, одборите и надзорните одбори.

За да се постигне оваа цел, Заедницата на Турците во Германија бара мерки за поддршка на образованието и вработувањето на мигрантите, подобрување во признавањето на странските дипломи, олеснувања при приемот во германско државјанство.

Integrationsgipfel im Kanzleramt in Berlin

Кенан Колат и Ангела Меркел, архива

„Всушност, наша задача не е изработка на предлог-закон“, изајви Кенан Колат, претседател на Турската заедница во Германија (на насловната фотографија). Но, целта е, како што вели, не само отворање дебата за подобра интеграција, туку и активно делување.

Колат планира предлог-законот да и‘ го врачи на канцеларката Ангела Меркел на Самитот за интеграција, кој ќе се одржи утре (28.05). Би било добро, на него да се дискутира на посериозни теми, а не само да се прават најави, вели тој.

За предлогот се веќе информирани ополномоштеникот на германската влада за интеграција, Марија Бемер и министерството за внатрешни работи.

Во документот целно не се предложени квоти за доселениците. Наместо тоа уделот на мигрантите во јавните служби, на пазарот на труд и во општествените и државните тела може да биде зголемен според потребите, до процентот на нивниот удел во вкупниот број на населението. Ако мигрантите на пример сочинуваат 20 насто од населението, треба, на пример, да бидат застапени со 20 проценти во полицијата, предлага Колат, свесен дека дебата за квоти во Германија е тешка и уставно проблематична.

Предлог-законот не се однесува само на доселениците од Турција, туку за сите мигранти во Германија, подвлекува Колат. Но, поради временски теснец, тој не е усогласен со мислењата на другите национални заедници на мигрантите, иако од нив се добиени позитивни одгласи.