1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Поголема јасност за неонацистичкиот терор?

Десните терористи со години вршеле убиства низ цела Германија. Жртви биле пред се‘ луѓе со мигрантско потекло. По откривањето на серијата убиства пред една година веднаш беше јасно: безбедносните органи мизерно затаиле.

Тоа е како барање траги низ урнатини - потрагата по докази како од тројца млади луѓе можела да настане неонацистичка група. Како тие со години можеле незабележано да убиваат луѓе? Зошто полицијата и тајните служби со години го вртеле погледот, поради пропуст или свесно?

Себастијан Едати, претседател на Анкетната комисија за НСУ, вели:

„Бенхарт, Мундлос и Чепе не се родиле како десничарски екстремисти или десни терористи, опкружувањето предизвикало нивна радикализација. А во тоа опкружување, посебно во 90-те години во Источна Германија, се замижувало пред десниот екстремизам, проблемот се премолчувал, не се интервенирало“.

Sebastian Edathy NSU Untersuchungsausschuss

Себастијан Едати

Во парламентот Анкетната комисија бара траги во документите собрани во текот на 15 години од 36 безбедносни органи. Пратеници од власта и опозицијата заеднички бараат одговор на прашањето: како можело да се случи ова? Пратениците заседаваа 50 пати, речиси секогаш јавно.

Во прашање е целиот систем од  полиција и тајни служби: колку добро, или поточно, колку лошо тие меѓусебно соработувале. Волфганг Виланд, пратеник на Зелените во Анкетната комисија вели:

„Досега не наидовме на ниеден функционер, во функција на сведок, за кого може да се каже - добро работел, не направил грешки. Ова е тотално потфрлување на нашите безбедносни органи, во неочекувани размери“.

Целосното потфрлување: Беате Чепе, Уве Мундлос и Уве Бенхарт, тројца млади од Јена во покраината Тирингија. Сите тројца дел од неонацистичката сцена, припадници на милитантното јадро. Во 1988 полицијата пребарала гаража изнајмена од Беате Чепе и нашла работилница за правење бомби, па и покрај тоа не биле уапсени ни Чепе, ниту Мундлос и Бенхарт.Тие преминале во илегала, формирале група „Националсоцијалистичко подземје“. Во наредните 13 години убиле 10 луѓе, извршиле два напади со експлозив и 14 грабежи на банки. Речиси секогаш жртвите се мигранти, и секогаш полицијата води

Deutschland Terror Neue Durchsuchungen gegen mutmaßliche Nazi-Terrorhelfer Kombo

НСУ триото - Бенхарт, Мундлос и Чепе

неуспешна истрага, сторителите ги бара во „мигрантското милје“.

Едати оценува: „Особено ме погодија кажувањата на многумина роднини на убиените, оти со години имале чувство дека се двојни жртви. Прво, зашто загубиле близок човек од семејството, а второ, зашто со години полицијата ги сомничела за можна поврзаност со убиството на своите роднини.“

Притоа, државата имала многу можности да ги најде вистинските сторители: на пример, информанти од неонацистичката сцена кои за пари лиферуваат информации. Често, тие биле дури не само обични следбеници, туку клучни луѓе кои имале контакт со тројката од НСУ. Но, ни тие не доставиле информации.

Клеменс Бинингер, член на Анкетната комисија од ЦДУ, вели:

„Констатиравме врбување информанти кои само што излегле од затвор, кои извршиле тешки кривични дела. Да се верува дека вакви лица со криминално минато ќе доставуваат сериозни информации, според мене е наивно“.

Виланд бара:

„Потребен ни е закон кој ќе пропише кој може да биде информант, а кој не, во каков однос е со државата, кога да се прекине соработката, како и дека не смее да извршува кривични дела“.

Sitzung NSU-Untersuchungsausschuss des Bundestags

Анкетната комисија бара траги во документите собрани во текот на 15 години од 36 безбедносни органи

Довербата во државата е разнишана, суштинската задача сега е нејзино повторно воспоставување. Барем така мисли германскиот претседател Јоахим Гаук. Премиера беше што тој ја прими Анкетната комисија. Гаук подвлече колку многу неонацистичкиот терор ја погоди Германија:

„Би сакал безбедносните органи во оваа земја, сеедно дали работат на сојузно или на покраинско ниво, навистина да се во состојба да ја гарантираат заштитата и безбедноста на сите граѓани кои живеат овде“.

Уве Мундлос и Уве Бенхарт извршија самоубиство, Беате Чепе се наоѓа во затвор. Уапсени се и осомничените соучесници. Судскиот процес против Чепе треба да започне напролет, а работата на Анкетната комисија завршува в лето. Ни оддалеку не е се‘ расветлено, премногу прашања остануваат неодговорени.

Клеменс Бинингер нагласува дека треба да се истражува додека не се добијат сите одговори:

„Како дошло до бројката на местата на злосторствата, изборот на жртви, зошто меѓу четвртото и петтото убиство има пауза од речиси двеипол години, зошто серијата завршила во 2007 година и т.н. Се‘ додека не бидат одговорени овие прашања, ќе постои интересирање за текот на настаните и ќе се прашуваме - што тргнало наопаку?“

Анкетната комисија една година се обидува пред се‘ јавно да расправа за потфрлувањето на државата и со тоа да поврати дел од загубената доверба.