1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Поголема независност од руските енергенси

Пред новиот претседавач со ЕУ - малата Литванија, стојат огромни предизвици. Главна цел Вилнус е ЕУ да ја направи понезависна од руските енергенси. Во таа насока работи и литванската економија.

Во литванскиот пристанишен град Клajпеда во тек се градежните работи за новиот терминал за течен гас. Тука со танкери ќе се испорачува течен гас од арапскиот простор и САД. Овој нов танкер (на насловната фотографија) штотуку тргна од бродоградилиштето во Кореја. Снабдувањето со енергија е тежишна тема на литванското претседателствување со Советот на ЕУ. Новиот терминал треба да ги направи Литванија и источните членки на ЕУ понезависни од испораките на енергенси од Русија.

„Тогаш ќе имаме можност со руската фирма Газпром да разговараме за намалување на цените. Досега Литванија плаќа највисока цена за гасот во ЕУ. Сметаме дека терминалот дава можност да се увезува гас од други земји. Тогаш ќе имаме флексибилна политика за цените“, вели премиерот на Литванија Алгирдас Буткевичиус.

Насочена индустриска политика

Litauen Vilnius Stadtansicht Archiv 2011

Вилнус

Литванија го презема претседателството со Советот на ЕУ по тешка економска криза. Со ригорозна програма за штедење беше саниран државниот буџет и економијата повторно заживеана. Во тоа помогнаа и субвенциите од Унијата, кои дејствуваа како мала конјунктурна програма. Во околината на Вилнус со европските пари настанаа бројни технолошки паркови. Тежишна точка на субвенциите се претпријатија кои произведуваат ласери - гранка со долга традиција во Литванија. Едно од тие претпријатија, на пример, секоја година ја зголемува продажбата за 30 проценти. Еден од главните увозници на ласерите е Јапонија. Така се создадоа повеќе од 100 висококвалификувани работни места. Оваа насочена индустриска политика, според литванското претседателство со ЕУ, може да послужи и како пример за унапредување на економијата во кризните земји во Јужна Европа.

„Тоа е долгорочен процес - поефикасно да се користат буџетите на ЕУ и парите да се инвестираат во инфраструктура и во нови технологии, за да се постигне економски пораст, за да се гарантираат даночни приходи и да се стабилизираат државните буџети на земјите од ЕУ“, истакнува литванскиот премиер Буткевичиус.

Претседавачот со ЕУ смета дека еврото, заедничката европска валута, барем засега е стабилизирана. Сега, според него, е најважно да се излезе од економската стагнација со цел севкупната ЕУ да стане поконкурентна.