1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Поглед кон иднината од Давос

Во Давос секоја година се собираат топ-менаџери, високи политичари и економски експерти од цел свет. Високо на Алпите и годинава (26.01-30.01) ќе се разговара за последиците од финансиската криза.

default

Пред точно 40 години, во јануари 1971 година, Клаус Шваб, тогашен професор по економија на универзитетот во Женева, во Давос покани неколку стотици врвни менаџери од западноевропски фирми. „Европскиот симпозиум за менаџмент“ подоцна се претвори во „Светски економски форум“ (ВЕФ). Собирот, што секоја година го организира сега 72-годишниот Клаус Шваб, одамна има фиксно место во календарите на топ-менаџерите, политичарите и научниците. Воздушната бања на Алпите и оваа зима повторно ќе биде преполна - над 2000 учесници, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел, како и претседателите на Русија и на Франција, ќе трагаат по решенија за проблемите во светот. Клаус Шваб смета дека досега немало толку проблеми одеднаш и треба да се размисли за тоа какви поуки можат да се извлечат од големата криза.

Schweiz Davos Weltwirtschaftsforum Klaus Schwab

Клаус Шваб

„Живееме во сосема нова реалност и сакаме да знаеме - каква е таа? Што е по кризата различно од порано? Наша претпоставка е дека кризата има структурни причини. Многу работи се променети и не смееме да им се враќаме на старите рецепти.“

Нема рецепт за излез

Оти, светот тешко ќе може да издржи уште една криза од ваков обем. Тоа е заклучокот на годинешниот извештај за ризици, што Светскиот економски форум го објавува секоја година непосредно пред почетокот на собирот. Таму се вели дека државните финансии се во крајно критична состојба. Со таа проценка се согласува и реномираниот германски економски истражувач Ролф Лангхамер.

„Кризата на финансиските пазари и должничката криза на државите сигурно не се минати. Напротив, од криза со

Währung Dollar Euro Pfund Yen

Меѓународен монетарен систем - дали е тоа вистинско решение?

приватно задолжување, сега влеговме во криза со државни задолжувања. Државата смета дека може да излезе на крај со тоа, но Давос и земјите на Групата 20 немаат рецепт за такво нешто.“

Меѓународен монетарен систем сега нема шанси

Форумот во Давос, притоа, има намера да даде поддршка во работата на Г20. Годинава со групата претседава Франција, која сака да иницира реформа на светскиот монетарен систем. Но и тука Ролф Лангхамер, потпретседател на Институтот за светска економија во Кил, е многу скептичен: „Сметам дека не е добро да се прави обид за создавање светски монетарен систем во кој ќе има целни коридори за менувачките курсеви на валутите и горни граници за нерамнотежи во светската економија. Потребна ни‘ е водечка валута, таа би морало да стои во средиштето на ваков светски монетарен систем, но таква имаме само во ликот на доларот. А, тука е дилемата на Кинезите - тие се

Symbolbild Weltwirtschaftsforum in Davos

Мора да се предложат конкретни решенија, а не да се остане на незадолжителни разговори

голем доверител, лошо зборуваат за доларот, но го поддржуваат. Се‘ додека оваа дилема не биде решена, нема потреба воопшто да зборуваме за меѓународен монетарен систем, оти тоа нема да успее.“

Во Давос се сите активни

Значи, кај оваа тема има малку шанси за успех, исто како и кај другите: растечкиот јаз меѓу земјите во забрзан подем и индустриските земји, од кои повеќето се‘ уште страдаат од последиците на кризата, или пак безбедноста на ресурсите, без оглед дали станува збор за суровини или прехранбени средства. Клаус Шваб вели дека за да се решат ваквите проблеми, прво мора да се разговара еден со друг.

„Давос не е митинг каде на една страна се говорниците, а на друга слушателите. Тука секој е активен учесник, тука има пресек на целото општество. Ако сакаме да ги решиме бројните проблеми во светот, потребен е ангажман на целото општество. Давос е токму вистинското место за тоа.“

Потребни се конкретни решенија

Само, не е доволно само да се зборува, смета Ролф Лангхамер. Мора да се извлечат вистински заклучоци, мора да се види што излезе од она што се зборуваше минатата година. Токму тоа е недостаток на Светскиот економски форум во Давос: „На ваква средба мора да се предложат конкретни решенија, а не да се остане на незадолжителни разговори. Мора да се работи ефективно. Давос сигурно е атрактивно место за средби, но големите лидери на светот и онака се среќаваат редовно. Значи, ако сериозно се размислува за ’глобално управување’, Давос всушност и не е потребен.“

Автор: Хенрик Беме/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска