1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Повторно убиен Американец во Ирак

Американскиот претседател одбива брзо повлекување на американските сили од Ирак и покрај зголеменото насилство

default

Во Ирак повторно е убиен странски заложник.На синоќа објавената видео снимка на интернет, терористичката група Ел Тавид и Џихад го покажаа отсекувањето на главата на америакнскиот граѓанин Јуџин Амстронг.

Терористичката група на Абу Мусаб ел Заркави,која е поврзана со Ал Каеда,убиството го изврши по истекот на рокот на ултиматумот до коалиционите сили во Ирак за ослободување на сите женски затворенички од ирачките затвори.Телото на Армстронг било пронајдено синоќа и идентификувано.Тој заедно со уште еден Американец и еден Британец беше киднапиран во четвртокот во Багдад.

И на двајцата останати заложници им се заканува убиство од терористичката група.

И покрај растот на несигурноста и насилството,американскиот претседател Џорџ Буш не планира скоро повлекување на американските сили од Ирак.Предвременото повлекување нема никаква смисла,зашто тогаш во Ирак ќе биде уште поопасно,изјави синоќа Буш на предизборен собир.Тој ги отфрли оценките дека ситуацијата во Ирак "ѓаволски се влошила".

Покрај нападите врз странските трупи во Ирак расте и опасноста од граѓанска војна.Во Багдад во рок од 24 часа непознат убиец уби двајца влијателни членови на сунитскиот совет.Претходно во напад врз шиитски студенти по религија загинаа четворица.