1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Повторно тешки борби во Сомалија

Во сомалискиот главен град Могадишу дојде до најтешки борби меѓу исламистичките милиции и етиопските војници за последните неколку месеци. Етиопската влада соопшти дека биле убиени повеќе од 200 востаници, а потврди и дека востаниците собориле еден хеликоптер на етиопската армија. Во бекство се илјадници жители на градот. Етиопските трупи се во Сомалија како подршка за нејзината преодна влада. Војниците од Уганда во мировна мисија на Африканската Унија немаат мандат да интервенират во борбите.