1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повторно судири на протестите во Каиро

Египетските војници синоќа со палки претепале повеќе од стотина демонстранти и пукале во воздух на плоштадот Тахрир во Каиро. Тука се одржаа најголемите демонстрации од соборувањето на екс-претседателот Хосни Мубарак .

default

Илјадници луѓе демонстрираа во Каиро

Повеќе од десетици илјади луѓе се собрале вчера на плоштадот Тахрир каде со развиорени знамиња и извикување на слогани барале од поранешниот претседател Хосни Мубарак и неговото семејство да им се суди поради обвиненијата за корупција. Тоа беше најголемиот протестен митинг од кога Мубарак ја напушти власта на 11 февруари.

Демонстрантите останале на плоштадот по завршување на протестот и отседнале во шатори, а воената полиција во неколку наврати безуспешно се обидувала да влезе во нивниот логор и да ги уапси офицерите кои им се придружија во протестот. Војниците со полициски камиони одвеле непознат број на демонстранти, а некои од нив меѓу кои имало жени добиле удари со палки.

Ägypten Syrien Jemen Demonstration Protest Tahrir-Platz

Народот бара судење на поранешните корумпирани политичари

Околу 200 демонстранти се сокриле во близина на џамијата, каде војниците ги обиколиле, а според зборовите на сведоците, пукањето се слушало со часови. Демонстрантите во џамијата наведуваат дека имало голем број на повредени, а неколку луѓе ранети од огнено оружје. По синоќешните напади на плоштадот Тахрир и во неговата близина завладеало хаос, наведува агенцијата Асошиејтед прес. Пред Египетскиот музеј, недалеку од плоштадот, демонстрантите кои се обиделе да избегаат биле спречени од војниците, удирани со тупаници и соборени на земја пред да ги одведат со воените возила.

Автор: ЖА/СН/ макфакс/дпа

Редактор: Симе Недевски